Практична примена на мерката притвор во Република Македонија

The practical application of the detention in the Republic of Macedonia

  • Сузана Костова-Коцева

Abstract

Во овој труд се прикажува важноста на притворот
како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот на судењето која
е присутна во судската практика на сите модерни правни системи. На
лица против кои се спроведува истрага или кои се обвинети дека сториле
кривично дело, им се определува притвор, во држави со различен степен
на заштита на човековите права. Во Република Македонија исто така
се определува притвор, согласно со одредбите од Законот за кривична
постапка (ЗКП) кој сега се применува.
Притворот содржи елементи од превентивна природа, со која во
значителен степен се ограничува една од основните човекови слободи,
односно слободата за движење. Слободата за движење е загарантирана со
Уставот на Република Македонија предвидена во чл. 12.
Правото на слобода е прифатено како едно од основните права и
најзначајните меѓународни правни акти со кои се штитат основните
човекови права и слободи.
На судот освен притворот му стојат и други алтернативни мерки на
располагање, со кои може да се постигне бараната цел. ЗКП во член 185
став 2 применува високи стандарди за почитување на човековите права
со тоа што е наведена обврската на надлежните органи кои одлучуваат
за притворот, да не применуваат потешка мерка доколку целта може да
се постигне и со поблага мерка. Судската практика досега покажува дека
ретко се применуваат алтернативните мерки. Сѐ повеќе се забележува
зачестеност на нивната примена како замена за најтешката мерка
ПРИТВОР.

Published
2017-03-08