Дискриминација врз основа на раса

Discrimination based on race

  • Даниела Иванова

Abstract

Во трудот „Дискриминација врз основа на раса“ од
Даниела Иванова, студент на втор циклус студии на Правниот факултет
при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, е даден осврт на расната
дискриминација, која како израз согласно со член 1 на Конвенцијата
на Обединетите нации (ОН) за елиминирање на сите форми на расна
дискриминација се однесува на секакво разликување, ограничување,
исклучување, давање првенство што би се засновало врз раса, боја на
кожа, потекло, национална или етничка припадност, што би имало за
цел да го нарушат или компромитираат уживањето, признавањето или
вршењето на подеднакви услови на осовните човекови права или слободи
на економско поле, социјално, културно или која било друга област од
јавниот живот. Забраната на расната дискриминација е регулирана
како во универзалните документи, така и во регионалните документи
кои содржат забрана на ваков вид дискриминација, а воедно и судската
практика на Европскиот суд за човекови права која досега во многу
случаи се занимавала со прашањето за расната дискриминација.

Published
Mar 21, 2017
How to Cite
ИВАНОВА, Даниела. Дискриминација врз основа на раса. Student's Social Science Journal, [S.l.], v. 1, n. 2, p. 41-52, mar. 2017. ISSN 2545-4021. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj/article/view/1837>. Date accessed: 23 sep. 2017.