Дискриминација и психолошко вознемирување во сферата на работните односи со посебен осврт на приватниот сектор

Discrimination and psychological harassment in the field of labour relations with emphasis on private sector

  • Александар Стојанов

Abstract

Едно од темелните начела на секое цивилизирано
општество е начелото на еднаквост, со кое се потврдува ставот дека
сите луѓе се еднакви во правата и заслужуваат еднаков и достоинствен
третман, без оглед на нивните разлики врз основа на вродени или
стекнати лични карактеристики. Затоа, секој третман на поединецот со
кој поради неговите лични карактеристики се врши негово исклучување,
ограничување и на тој начин му се загрозува или оневозможува
остварувањето на неговите права или пак му се дава првенство пред
другите претставува дискриминација. Со дискриминацијата се повредува
начелото на еднаквост кое е основен принцип на човековите права, кој се
заснова на еднаква вредност и достоинство на сите човечки суштества.
Овој принцип е содржан во сите меѓународни и регионални инструменти
за правата на човекот.
Светската негативна појава на помасовно малтретирање на
работниците на работно место е присутна и во Македонија. Психичките
притисоци, понижувањата и злоставувањата, малтретирања, кои кај
работниците предизвикуваат сериозни нарушувања на нивното психичко
и физичкото здравје го карактеризираат таканаречениот мобинг кој е
одамна познат во работните средини во многу земји.
Во Република Македонија е изградена сеопфатна законодавна рамка
на антидискриминаторски и антимобинг прописи кои ја забрануваат
дикриминацијата и мобингот, сепак постојат сознанија кои укажуваат дека
појавите на дискриминаторско однесување и вознемирување постојат во
работните односи.

Published
Mar 21, 2017
How to Cite
СТОЈАНОВ, Александар. Дискриминација и психолошко вознемирување во сферата на работните односи со посебен осврт на приватниот сектор. Student's Social Science Journal, [S.l.], v. 1, n. 2, p. 71-94, mar. 2017. ISSN 2545-4021. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj/article/view/1839>. Date accessed: 23 sep. 2017.