ПРАВНАТА ИНФОРМАТИКА И НЕЈЗИНАТА ПРИМЕНА

  • Невена Атанасовска

Abstract

Овој труд го обработува концептот на правната информатика и нејзиниот развој во услови каде што информатичката технологија се применува во донесувањето на одлуки, посебно кога станува збор за одлуките и официјалните извештаи донесени од страна на административните и правните органи во државата. Овој труд исто така го обработува и полето на примена на правната информатика. Правото зазема значајно место во обработката и чувањето податоци, па така се наметнува потребата поединците од областа на правото да изучуваат некои делови на информатиката. Заради динамичната активност на технологијата и промените во правните области, важно е поединците од областа на правото да бидат во тренд со новите правни и информатички достигнувања со цел правилна примена на правната информатика.
 
Клучни зборови: правна информатика, развој на правната информатика, примена на правната информатика, право.

Published
2019-04-02