КРИВИЧНО-ПРАВНА ОДРЕДЕНОСТ НА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ДРОГА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Билјана Богдановска-Смилевска

Abstract

Во трудот ,,Кривично-правна одреденост на злоупотребата на дрога во Република Македонија” од Билјана Богданова-Смилевска е даден осврт на правната регулатива што ја третира злоупотребата на дрогата во Република Македонија. За да го заштити здравјето на луѓето и општеството во целост, законодавецот употребата на дрогата ја ставил во нормативни рамки со што пропишал точно определени услови за производство, увоз-извоз и употреба на дрога. Секоја несоодветна примена на дрога претставува злоупотреба, а законски е дозволено производството и прометот на опојни дроги да се врши само за медицински, лабораториски и научни цели. Преку анализата на статистичките податоци добиени од годишните публикации на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на пријавени, обвинети и осудени сторители на кривични дела, ќе се прикажат сумарни табели за десетгодишниот истражуван временски период (2006-2015 година) за да се утврди филтрацијата на овие кривични дела низ органите за кривичен прогон.  Целта на трудот е да го прикаже дали правната регулатива за злоупотребата на дрога во Република Македонија соодветствува со заканите на овој вид на криминалитет.
 
Клучни зборови: дрога, злоупотреба на дрога, кривични дела, Кривичен законик на Република Македонија, закон, закани, Национална стратегија за дроги.

Published
2019-04-02