ПРИПАДНОСТА КОН ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И ВЕРСКИТЕ УБЕДУВАЊА КАКО ОСНОВИ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

  • Veneta Ristovska

Abstract

“Le droit du travail, c’est droit vivant” или на македонски „Правото на работа е право на живот“. Оваа реченица го става акцентот на трудот и работата како основни извори на егзистенција, а тоа е една од централните точки на овој труд. Важноста на работата како елементарен извор на егзистенција е исто така една од главните причини за пишување на овој труд, а и поради тоа што најголемиот број од претставките кои се поднесени до Комисијата за заштита од дискриминација, се токму од областа на работните односи. Третата причина за изготвување на овој труд е тоа што Република Македонија е „конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија”. Како една од задачите на овој труд е да дознаеме колкаво е влијанието на ваквата етничка разноликост во работните односи и како таа се манфестира во нив. Како предмет на овој труд покрај верските убедувања и припадноста кон етничките заедници ќе бидат разгледани и другите основи за дискриминација и тоа колку тие се застапени во работните односи, во споредба со дискриминацијата врз основа на етничка припадност и вера. Целта на овој труд не е да укаже на постоењето на дискриминацијата во работните односи, затоа што сите сме свесни дека постои, туку да ги изнајдеме соодветните (законски) решенија со кои би можеле да се заштитиме и да се бориме со дискриминацијата.

Клучни зборови: единство, еднаквост, заштита, работа, труд.

Published
2019-09-26