РАСА, БОЈА НА КОЖА И ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ – ДОМИНАНТНИ ОСНОВИ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА

  • Monika Stepanovska

Abstract

Честите дискриминации во минатото и конфликтите кои настанале поради нивната тогашна оправданост оставија длабоки траги во човештвото, заради кои и денес се уште се бориме да ги отстраниме, како и да го корегираме размислувањето на луѓето и отстраниме стереотипите и да воспоставиме одреден степен на толеранција и почитување. Низ овој стручен труд ќе биде прикажан нееднаквиот третман заснован врз раса, боја на кожа и етничка припадност, кои вооедно се и едни од доминантните основи на дискриминација. Кој е изворот од каде што потекнува ваквата дискриминација, во кои области од општествениот живот е највидлива и зошто сѐ уште не е надмината се едни од прашањата на кои ќе се посвети поголемо внимание. Преку анализа на мерките кои се преземени и резултатите од таквите мерки, компаративните искуства и претходни истражувања ќе ги потенцирам областите во кои што е потребно подобрување и нови техники и мерки за намалување на ваквата дискриминација. Целта на овој труд, покрај потенцирање на проблемите и можните решенија, ќе биде и посочување дека расата е општествено наметната категорија и поттикнување на свесноста за сериозноста на прашањето: зошто во 21 век сѐ уште викаме, а некои и веруваат дека има расна еднаквост, иако свесно или несвесно ја премолчуваме неправдата околу нас?

Клучни зборови: нееднаквост, стереотипи, расизам, неправда,етничката дистанца.

Published
2019-09-26