Примената на моделот на позитивна дисциплина - Фридрих Џонс во современото училиште

  • Emilija Petrova Gjorgeva
  • Marija Koceva

Abstract

Училиштето претставува специфичен организациски систем и пред сè има за цел и задача да продуцира такви активности кои ќе доведат до високи достигнувања и резултати на учениците. Покрај пренесувањето на знаење на младата генерација, училиштето има и воспитна и социјална функција. Целосниот училиштен систем го сочинува и дисциплината на учениците, односно почитувањето на правила кои владеат во едно училиште. Моделите на училишна дисциплина, односно моделот на позитивна дисциплина на Фридрих Џонс претставува движечки мотив во нашето истражување. Овој модел авторот го засновал на истражувањата за тоа како се однесуваат наставниците кога учениците се однесуваат лошо. Авторот смета дека кога кај ученикот ќе постои самоконтрола и одговорност, тогаш тој ќе се однесува на начин соодветен за часот. За да може успешно да се одвива целиот процес на настава, потребно е наставникот со примена на вештини да го ограничи однесувањето на учениците. Џонс, управувањето со одделението го разбира како процес во кој мора да се поврзани дисциплината, наставата и мотивацијата на ученикот. Според него, дисциплината е „процес на применување на стандарди и градење на соработка, со што многу малку ќе се создаваат проблеми во наставата, а повеќе ќе се учи“.1 За успешно одвивање на наставниот процес е потребно ангажирање на сите сетила кај учениците, со што наставата ќе им биде интересна, учениците ќе уживаат, а со тоа и наставникот ќе биде задоволен.
Published
Apr 18, 2013
How to Cite
GJORGEVA, Emilija Petrova; KOCEVA, Marija. Примената на моделот на позитивна дисциплина - Фридрих Џонс во современото училиште. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 7, n. 11, p. pp.7-17, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/236>. Date accessed: 27 feb. 2020.