Ставови на студентите од студиската програма Биологија од Факултетот за природни и технички науки за својата практична оспособеност за реализирање на настава по Биологија во деветгодишното основно образование

  • Snezana Stavreva Veselinovska

Abstract

Значаен сегмент во практичното оспособување на студентите – идни наставници, покрај професионалната пракса, секако се и часовите по методика на практичната настава по предметот кој се изучува во училишната настава – т.н практично предавање. Спектарот на знаењата и вештините кои треба студентите – идни наставници да ги поседуваат е широк и комплексен и би требало да се овозможи ефикасно и успешно реализирање на наставата по предметот Биологија. Според педагошко – психолошките предмети кои се изучуваат во текот  на седмиот и осмиот семестар, за нивно професионално оспособување најзначајни се Методика на наставата по Биологија 1 и Методика на наставата по Биологија 2 во четврта година студии.

Целта на овој труд е да се изврши квантитативна анализа на ставовите и мислењата на редовните студенти во четврта година на студиите по Биологија на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип. Анкетирани се 15 студенти, а во истражувањето се користени описни и аналитички методи и резултатите се статистички обработени.

Published
Nov 21, 2014
How to Cite
STAVREVA VESELINOVSKA, Snezana. Ставови на студентите од студиската програма Биологија од Факултетот за природни и технички науки за својата практична оспособеност за реализирање на настава по Биологија во деветгодишното основно образование. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 9, n. 13, p. pp. 67-86, nov. 2014. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/839>. Date accessed: 24 nov. 2017.