ЕТИКА НА ПУБЛИКУВАЊЕ И ИЗЈАВА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА

Уредниците се обврзуваат да ги одржуваат стандардите на етичкото однесување на сите нивоа во процесот на публикување и затоа одблизу треба да се следат стандардите на асоцијацијата Комитет за етика на публикување која ги поставува истите и создава водичи за најдобро спроведување на обврските наведени подолу.

Уредниците на зборниците и списанијата се обврзани да:
  • донесуваат правилни и непристрасни одлуки независни од надворешното влијание и да осигурат правилен и соодветен процес на рецензирање;
  • ги усвојат политиките на уредување кои ќе дадат максимална транспарентност, целосен и чесен извештај;
  • ја осудат злоупотребата на авторите, рецензентите и уредувачкиот одбор со тоа што ќе им ги посочат сите мерки за претпазливост од злоупотреба, но во исто време да им дадат можност на авторите да одговорат на обвинувањата за злоупотреба;
  • го чуваат интегритетот на издадените записи, со барање на корекции доколку е потребно, и да ги осудат сомнителните и наводни истражувања и злоупотреба во публикувањето;
  • имаат соодветна политика во однос на решавање на конфликт на интереси во уредувачкиот одбор.
Подолу е даденo резиме од нашите очекувања за рецензентите и авторите.

1. ЕТИЧКИ ОЧЕКУВАЊА

Одговорности на рецензентите во однос на авторите, уредувачите и читателите

Рецензентите кои знаат дека полето на нивната експертиза е ограничено имаат одговорност јасно да му напомнат на уредникот кое е нивното ниво на нивната компетенција. Тие не мора да се експерти на сите полиња, но може да прифатат да рецензираат труд, единствено ако имаат адекватна експертиза за да направат соодветна оценка.

Рецензентите мора да дадат оценка во пишана форма во временската рамка која им е дадена и да дадат научно вреднување на трудот заедно со мислење за истиот користејќи го унифицираниот образец за рецензирање, создаден од уредникот, (линк до образецот)

Коментарите и заклучоците на рецензентите треба да бидат базирани на објективни и непристрасни согледувања на фактите, исклучиво на професионална основа. Тие треба да ги препознаат позитивните страни на трудот кој се рецензира, да ги идентификуваат негативните страни на конструктивен начин и да наведат што треба да се смени, доколку е потребно.

Прифатениот труд не треба да биде задржан или копиран од страна на рецензентите и тие не смеат да користат податоци, аргументи и согледувања од трудот, доколку не добијат дозвола од авторот.

Рецензентите кои ќе приметат злоупотреба во самиот труд треба за истиот да го известат уредникот во писмена форма.

Рецензентите треба да бидат свесни за било каков конфликт на интерес и соодветно на тоа да му предочат на уредникот за истиот за да не го рецензираат трудот. Одговорностите кон читателите се да се осигурат дека методите се адекватно искористени, за да му дозволат на читателот да ги оцени научните вредности на трудот, да можат да го реплицираат трудот по сопствена желба и да ги осигурат читателите дека цитатите од другите автори наведени во статијата се релевантни на истражувањата.

Одговорности на авторот

Авторството треба да биде лимитирано само за оние кои имаат значаен придонес во концептот, дизајнот и интерпретацијата на трудот. Сите оние кои исто така допринеле за трудот треба да бидат наведени како коавтори. Доколку има други учесници во трудот кои учествувале во одредени делови на истражувачкиот проект треба да бидат наведени како личности кои допринеле за истиот.

Сите автори мораат да сносат одговорност за содржината на нивниот труд. Во случај трудот да е од мултидисциплинарна природа треба да се наведе индивидуалниот придонес, со цел да се види чија е одговорноста. Притоа, сите автори мора да потврдат дека трудот е (линк до изјава од авторот):
  • резултат на индивидуално истражување спроведено под етичка и морална одговорност и соодветствува со релевантната легислатива каде се наведени сите извори и цитати;
  • резултатите се презентирани чесно и без фабрикување, фалсификување или несоодветно користење на податоци;
  • трудот не е издаден или прифатен за публикување на друго место.
Од авторите се очекува да ги потврдат релевантните или потенцијалните конфликти на интерес (лични, комерцијални, политички, академски или финансиски) кои можат да влијаат на процесот на публикување.

Од авторите се очекува да добијат дозвола за копирање на илустрации, табели, скици или цитати кои биле претходно објавени некаде.

Содржината предложена во зборниците и списанијата останува интелектуална сопственост на авторите и нивните издавачи соодветно, во согласност со македонската легислатива за издавачка дејност.
Авторите кои добиваат одлука од Уредувачкиот одбор за повторно рецензирање се должни да го пратат трудот во дадениот временски период. Доколку не го направат тоа нема да им се направи понатамошна рецензија на трудот.

Од авторите се очекува да ги вратат коригираните верзии согласно со препораките на рецензентите во дадениот рок. Доколку не го направат тоа нивниот труд нема да биде објавен во списанието или зборникот.

2. ПРОЦЕДУРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО НЕЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ

Намерата на генералниот принцип со неетичкото однесување во публикувањето кој потврдува злоупотреба, е да се види што е вистина, а што не. Уредниците ќе преземат разумни мерки, доколку се презентирани етички поплаки во однос на прифатениот или објавениот труд во соработка со издавачот. Таквите мерки генерално вклучуваат контактирање со авторот на трудот, по соодветно разгледување на пристигната жалба или барање, направена кога уредникот ќе одлучи дека злоупотребата е помалку сериозна.

Но, во случаи кога уредниците ќе одлучат дека злоупотребата е сериозна тие стапуваат во контакт со други релевантни институции и други тела и доколку жалбата на авторот е потврдена трудот ќе се објави. Сериозна злоупотреба исто така имплицира документирање на оној кој ја направил злоупотребата. Секој пријавен чин на неетичко издавање ќе биде разгледан, дури и да е неколку години по неговото објавувањето.

Резултати (од помала кон поголема сериозност, можат да бидат применети одделно или заедно)
  • Писмо за објаснување и едуцирање со цел да се информира или едуцира авторот или рецензентот за прифатени стандарди (во случај на неразбирање на принципите);
  • Писмо - опомена до авторот или рецензентот кое укажува на злоупотреба и содржи предупредување за однесување во иднина;
  • Формално писмо до авторот или рецензентот;
  • Формално повлекување од зборникот или списанието;
  • Ставање на формално ембарго на труд или одбивање да се прифатат идни трудови од личноста одговорна за злоупотреба за назначен период.