Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC
Faculty of Educational Sciences
en-US violeta.nikolovska@ugd.edu.mk (Violeta Nikolovska) verica.josimovska@ugd.edu.mk (Verica Josimovska) Thu, 07 Nov 2024 09:39:24 +0000 OJS 3.1.2.4 http://blogs.law.harvard.edu/tech/rss 60 АСОЦИЈАЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО СОВРЕМЕНОТО УЧИЛИШТЕ https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6946
Во современото образование не може доволно да се нагласи важноста на асоцијалното однесување на учениците. Тоа не се само вештини кои се развиваат во училиштето, туку и важни аспекти на нивниот севкупен развој и успешно вклучување во заедницата. Асоцијалното однесување на учениците ги вклучува нивните способности за разбирање и почитување на мислењата на другите, развивање соработка, управување со конфликти и градење позитивни односи со своите врсници и наставници. Во трудот, ќе истражиме зошто асоцијалното однесување е критично за успехот на учениците и како можеме да го подобриме во училишната средина. Нашиот фокус ќе биде на ризичните фактори кои потекнуваат од семејството и од училиштето.
Ирена Митева Ангелова, Емилија Петрова Ѓорѓева Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6946 Thu, 07 Nov 2024 08:55:01 +0000 ВОСПИТНАТА ФУНКЦИЈА НА ДИРЕКТОРОТ ВО СОВРЕМЕНОТО УЧИЛИШТЕ https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6947
Факт е дека воспитно-образовните работници се клучни субјекти, кои што директно влијаат на остварувањето на целите на воспитно-образовните активности, како на ниво на училиште, така и на национално ниво. На директорот на училиштето му е доверена улогата да ги води, да ги поттикнува и да ги насочува нивните активности, како и усогласување на сите други училишни потенцијали и одговорност за воспитно-образовните процеси и резултати.Директорот е клучна личност, чии способности и вештини зависат од процесот на развојот и квалитетот на работата на училиштето, што на крајот, се рефлектира преку постигањата на учениците. Неговите компетенции се клучни за квалитетното остварување на визијата, мисијата и целите на училиштето, а со тоа и на целокупното национално образование.
Славе Панов, Емилија Петрова Ѓорѓева Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6947 Thu, 07 Nov 2024 09:07:04 +0000 ИГРАТА КАКО ПОТТИК ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ДЕТЕ https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6948
Современите тенденции во предучилишното воспитание и образование се во функција на осовременување на организациската и содржинска поставеност на воспитно-образовната работата на детската градинка.  Всушност тие ги следат движењата во современото општество во насока на доживотно образование и перманентно учење, што е и една од препораките на Унеско. Во тој процес особено е важна играта и улогата на воспитувачот. Улогата на воспитувачот подразбира знаење, вештини и искуство за водач на степен кој соодветствува со возраста на децата во групата во која играта се применува. За ова е потребен креативен и релаксиран воспитувач, кој не смее да биде „маска за незнаење“, туку да биде  „одраз“ на солидно подготвено стручно лице и познавач на детската личност и индивидуите кои се членови на одделна воспитна група. Во таа смисла, својата улога воспитувачот најдобро ја остварува преку играта. Имено, играта има целнонасочен карактер бидејќи  се темели на високо емоционална, сознајна и социјална основа и создава услови за интензивен развој на детето. Во трудот ќе се направи обид да се потенцираат вредностите на играта како поттик за развој на децата од предучилишна возраст, од аспект на задоволување на потребата за творење, дружење како и развивање на кооперативност и компетитивност.
Снежана Мирасчиева, Верица Јосимовска Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6948 Thu, 07 Nov 2024 09:08:53 +0000 ДЕСАНКА МАКСИМОВИЌ И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ (едно книжевно и лингвистичко согледување) https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6949
Постмодернизмот го разбираме како поврзување, комуникација на едно дело / автор со друго дело / автор (и) во различни временски периоди. Во таа смисла разгледуваме и анализираме два автора: Десанка Максимовиќ и Константин Миладинов со две песни: „Копнеж“ („Стрепња“[1]) и „Желание“. Анализирајќи ги концептите и чувствата кои провејуваат во двете песни, заклучуваме дека тие на постмодернистички начин кореспондираат. Чекањето, стравот и копнежот се концептите кои ги среќаваме во двете песни: кај Десанка Максимовиќ како резултат на осознаено чувство на зрела љубов, а кај Константин Миладинов тоа се чувства на невина, чиста, речиси детска искрена љубов. Во анализата во текстот го образлагаме и преводот што го одбравме за насловот на оваа песна.
Виолета Николовска Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6949 Thu, 07 Nov 2024 09:10:11 +0000 РОМАНОТ „ТИ НОСАМ ПУСТИНСКИ ПЕСОК“ ОД ВИНКА САЗДОВА – РОМАН ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО БЕЗ ГРАНИЦИ https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6950
Романот за млади „Ти носам пустински песок“ (2021) од Винка Саздова претставува првенче на оваа авторка, која вообичаено пишува за возрасни читатели. Ова дело е настанато како дел од еден проект и претставува претходница на романот „Имаш пчела на носот“ од Венко Андоновски (2021). И во двата романи се среќаваат истите ликови – Стела и Сани, најдобри другари, кои судбината често ги разделува. И додека во вториот роман,романот на Андоновски нарацијата е дневничка, со концепција како „машка“ и „женска книга“, во овој роман на Саздова, разделените другари меѓусебно комуницираат преку преку писма, поточно електронска пошта (т.н. меилови).
Јованка Денкова Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6950 Thu, 07 Nov 2024 09:11:26 +0000 ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА И ИНТЕРКУЛТУРНА КОМПЕТЕНЦИЈА ВО МУЛТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6951
Комуникацијата е од суштинско значење за човечкиот живот и е една од највредните вештини коишто можеме да ги развиваме во нашиот приватен и професионален живот. Една изрека вели: комуникацијата е клучна за поисполнет живот. За да бидеме ефективни во комуникацијата, мора да сфатиме дека секој човек различно го перцепира светот и затоа го користиме ова разбирање како водич за нашата интеракција со другите. Додека луѓето ширум светот споделуваат многу сличности, нашите разлики се оние што навистина нѐ дефинираат. Оттука, интеркултурната комуникација е особено важна бидејќи, ни овозможува да изградиме значајни и вредни односи со другите, додека негуваме почит и ценење на различностите. Да заклучиме, преку интеркултурната комуникација, развиваме и интеркултурни компетенции како што се: културна самосвест, отворен ум, емпатија, активно слушање и вештини за решавање проблеми.
Ана Митрова, Даниела Коцева Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6951 Thu, 07 Nov 2024 09:12:34 +0000 ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК – МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6953
Вештачката интелигенција (ВИ) е еден од најзначајните трендови во 21-иот век, отворајќи нови перспективи за иднината на човештвото. Оваа технологија има големо влијание на секојдневието, олеснувајќи го истото од различни аспекти, како на пример употреба на автономното учење и анализа на големи количини податоци. Во практика, ВИ се соочува со предизвици и отвора многу можности, вклучувајќи ги и образованието и учењето на странските јазици. Но, дали оваа технологија може да ја замени потребата за учење на јазици и какви се најдобрите начини за интеграција на ВИ во учењето на јазици? За да го истражиме ова, правиме анализа на употребата на ChatGPT во изучувањето на германскиот како странски јазик, со цел да ги прикажеме можностите и предизвиците што ги носат новите технологии во наставниот процес. За ова истражување, се користи Прашалник за дискурсна анализа, пополнет од студенти-германисти од два универзитети во Р. С. Македонија. Резултатите од анализата ќе бидат презентирани во овој труд.
Билјана Ивановска, Гзим Џафери Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6953 Thu, 07 Nov 2024 09:13:42 +0000 ЕТИМОЛОГИЈАТА, СЕМАНТИКАТА И ГЕОГРАФСКАТА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЛЕКСЕМИТЕ ГРЕБЕН, ФУРКА И ВРЕТЕНО ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК (СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОВИЕ ЛЕКСЕМИ ВО ГОВОРОТ НА СЕЛО ЃУЃАНЦЕ – СВЕТИНИКОЛСКО) https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6956
Лексемите гребен, фурка и вретено претставуваат алатки за влачење и за предење на волната. Во картотеката на Одделението за дијалектологија има материјал за овие три лексеми во главата број XI – Занаети, во прашањата 2, 3 и 4. Каква е семантиката на овие лексеми во говорот на селото Ѓуѓанце наспроти истите лексеми во другите дијалекти, а каква е во македонскиот стандарден јазик и каква е нивната географска дистрибуција на целата македонска дијалектна територија ќе биде предмет на истражување во овој реферат. Во рефератот ќе биде разгледана и етимологијата на лексемите гребен, фурка и вретено.
Македонка Додевска Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6956 Thu, 07 Nov 2024 09:14:52 +0000 STUDENTS’ EXPERIENCES AND VIEWS OF ONLINE TEACHING AND LEARNING IN HIGHER EDUCATION https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6958
The Covid-19 pandemic has largely affected the educational process in higher educational institutions across the world and caused a rapid shift to online teaching and learning. Striving to respond to the challenges of providing safety for students and teachers and ensuring continuity of education, the majority of university teachers in Macedonia have been closed for almost two years and for this time they have been shutting down the classroom teaching and embracing digital academic experience.

In this paper we surveyed students' experiences and opinions about online teaching in Macedonian higher education. We conducted two online surveys, first survey in the summer semester of the academic year 2020/2021 and we repeated second survey in 2021/22. Both surveys included students from two higher education institutions that prepare pedagogues, elementary school teachers and educators in preschool institutions: the Institute of Pedagogy (IP) at the Faculty of Philosophy, UKIM in Skopje and the Faculty of Educational Sciences (FES) at the Goce Delcev University in Shtip.The research is based on empirical and qualitative data obtained by a questionnaire that was electronically distributed and completed by a selected sample of students (88 students in 2021 and 105 students in 2022). The survey questions of different type are focused on several issues: student access to digital equipment and their computer skills, student interest to attend online classes, quality of delivery of online instruction, communication with teachers, benefits and weaknesses of online teaching, effectiveness of online learning. The analysis employs both quantitative and qualitative approach to study the perceptions of students, and the findings are shown by narrative description, tables and graphs. They are expected to give an insight into the students’ needs by identifying their perspective on the quality of ongoing online academic activities, as well as to contribute to better understanding of the challenges facing university teaching and learning today.
Јадранка Рунчева, Сузана Миовска-Спасева Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6958 Thu, 07 Nov 2024 09:15:55 +0000 НЕКОИ СТРАТЕГИИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОЧЕТНИ МАТЕМАТИЧКИ ПОИМИ https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6960
Холистичкиот развој на младите личности во голема мера се заснова на учењето, мотивацијата,
емоциите. Важен, составен дел од тој развој е математиката како аспект на когнитивниот развој. Нејзиното
значење и улога произлегува од нејзината сеприсутност во животот на секоја индивидуа. Математичката
компетентност е една од клучните компетенции кои треба да ги има секоја личност. Периодот на раното детство е
периодот во кој се започнува со стекнување на оваа компетентност. Семејството е првата алка каде на спонтан
начин се развиваат математичките поими, за да покасно се трансферира во предучилишните установи, училиштата,
каде, организирано, плански, постапно, систематски се одвива процесот на осознавање, развивање, формирање на
математичките поими. Процесот на развој, формирање на математичките поими трае до крајот на животот. Имајќи
ги во предвид современите трендови во воспитно образовната работа, во кои се потенцира активната улога на
детето, ученикот, клучно е прашањето како да се обезбеди успешно учење т.е. квалитетно поучување во сите
области, па и во математиката. Во трудот се елаборира проблемот поврзан со развојот на почетни математички
поими, начинот на кој децата од предучилишна возраст учат, како и презентирани се предлог стратегии насочени
кон подобрување на процесот на поучување, учење на почетните математички поими.
Снежана Јованова - Митковска Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6960 Thu, 07 Nov 2024 09:17:04 +0000 МОНОГРАФСКИ ТРУД ЗА КАТЕГОРИЈАТА ОПРЕДЕЛЕНОСТ Приказ на „Јазикот и определеноста“ – монографски труд од Бобан Карапејовски (Книгоиздавателство МИ-АН, Скопје, 2023) https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6962
Монографскиот труд „Јазикот и определеноста“, од авторот Бобан Карапејовски, обработува една суштинска карактеристика на македонскиот јазик, категоријата определеност. Поднасловот на монографијата е: „Експонентите на категоријата определеност во македонскиот јазик“. Како што самиот автор вели, оваа категорија се разгледува во словенски и во балкански контекст. Се разгледуваат начините на искажување и граматикализација на оваа категорија, наспрема семантиката на нејзините показатели.
Виолета Николовска Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6962 Thu, 07 Nov 2024 09:18:02 +0000 ПРАКТИЧНАТА НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНАТА СТРУКА https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6964
Трудот третира неколку клучни прашања за практичната настава кои се однесуваат на  значењето, суштината и предностите на практичната настава, со посебен акцент на практичната настава во здраствената струка. Практичната настава, како значаен сегмент од постојните наставни планови и програми за средно стручно образование, им помага на учениците да се стекнат со знаења и вештини за вработување, развивање на психомоторните способности и вештини, тимска работа, комуникациски вештини, потребни за нивно постепено вклучување во процесот на работа. Практичната настава е клучот за висок степен на професионална оспособеност при изведување на работните задачи особено во медициснката струка.
Селма Чечи Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6964 Thu, 07 Nov 2024 09:19:01 +0000 ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПОТТИКНУВАЊЕТО НА СОЦИОЕМОЦИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6965
Трудот "Развој на емотивни и социјални вештини во предучилишното образование: Педагошки аспекти и современи методи" ја истражува значајноста на раниот развој на емоционалната интелигенција и социјалните вештини кај децата. Воведот нагласува дека предучилишното образование игра клучна улогa во поддршката на социјалниот и емотивниот развој, кој е основа за идниот успех. Теоретските основи се засновани на пристапите на Жан Пијаже, Лев Виготски и Ерик Ериксон, кои ја истакнуваат важноста на социјалната интеракција и поддршката во развојот. Методите за развој на овие вештини вклучуваат игри, групни активности и инклузијата на семејството, што потврдуваат позитивен ефект врз емоционалната зрелост на децата. Практични примери од Монтесори и Реџио Емилија методологиите покажуваат дека индивидуализираниот пристап и креативноста поттикнуваат развој на социјалните вештини. Заклучокот истакнува дека предучилишното образование е клучно за идниот успех на децата, со препорака за дополнителни истражувања во интеграцијата на овие методи во локалните контексти.
Марија Арсова Copyright (c) 2024 Faculty of Educational Sciences https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/6965 Thu, 07 Nov 2024 09:19:59 +0000