Повик за публикување на трудови 2014

2014-09-03

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека е објавен повикот за публикување на трудови во Годишниот зборник на Факултетот за информатика за 2014 година.

Годишниот зборник на Факултетот за Информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип е збирка на теоретски и практични достигнувања во компјутерската наука и технологија, математиката и применетата математика.

Годишниот зборник на Факултетот за Информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ се објавува онлајн наhttp://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS со ISSN: 1857- 8691.

 

Тематски области:

Годишниот зборник на Факултетот за Информатика објавува статии во следниве области (не се строго ограничени):

  1. Компјутерски науки;
  2. Компјутерско и софтверско инженерство;
  3. Информациона технологија;
  4. Информациски системи;
  5. Компјутерска сигурност;
  6. Електроинженерство;
  7. Телекомуникации;
  8. Математика;
  9. Применета математика;
  10. Интердисциплинарни статии од компјутерски и информациски науки со образование, економија, животна средина, здравје и инженерство.

Важни датуми:

Повик за објавување на статии во Годишниот зборник:  03 Септември 2014 г.

Краен рок за поднесување на статии:  30 Октомври 2014 г.

Известување за прифаќање:  10 Ноември 2014 г.

Краен рок за поднесување на крајната верзија на статијата:  25 Ноември 2014 г.

Датум на публикување: јануари или февруари 2015

 

Упатство за авторите:

Статиите поднесени за објавување може да бидат напишани на англиски или на македонски јазик ( се преферира на англиски јазик). Текстот треба да биде концизен. Статиите треба да бидат со обем од 5 до 12 страници А4. Теркот и упатството за форматирање ќе биде објавено дополнително.

Статиите треба да бидат позиционирани во соодветно научно поле и содржат оригинални научни трудови, прегледи, критики, необјавени истражувања, рани истражувачки резултати, испитувања, достигнувања и слично. Истите понатаму можат да бидат проширени за да бидат објавени на друго место.

Сите ракописи поднесени за објавување најпрво мора да бидат рецензирани од еден или двајца независни анонимни рецензенти и проценети врз основа на нивната оригиналност, значење и прегледност. После одобрувањето на ракописот од рецензентите, статијата може да се публикува.

Статиите треба поднесени преку системот за публикување http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS. За да може да се примаат известување и да може да се поднесат статии за објавување потребно е најпрво да се регистрирате на овој систем. Регистрацијата се врши преку менито на десната страна.

 

Котизација:

Публикувањето во годишниот зборник е бесплатно.

Пристапот до годишниот зборник, како и симнувањето на сите трудови во ПДФ датотеки исто така е бесплатно.

Пристап до првиот број од зборник: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS/issue/view/10 со датум на публикување во април 2013.

Пристап до вториот број од зборник: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFCS/issue/view/58 публикуван во јуни 2014.

 

Со почит,

Зоран Здравев,

Уредник на Зборникот