Пребарување информации во ЕРП системи: АртАИИС студија на случај

  • Gjorgji Gichev
  • Ana Panevska
  • Ivana Atanasova
  • Zoran Zdravev University Goce Delcev - Stip
  • Cveta Martinovska-Bande University Goce Delcev - Stip
  • Jovan Pehcevski European University

Abstract

Во процесот на раководење и водење на една компанија, богатството информации со кои располага компанијата, а кои укажуваат на нејзиното функционирање и развој и кои се употребуваат за подобрување на целосниот тек на работа, е од голема важност да биде постојано на допир и пристап на оној на кого му е потребно. ЕРП системите кои денес претставуваат јадрото на информации на бизнисот на една компанија, се повеќе наоѓаат место во истражувачките кругови поради потребите за нивно подобрување и редефинирање на функционалниот аспект на достапност на податоците во системот.

Во овој труд е е прикажана практична имплементација на пребарувачка машина за постоечки ЕРП систем наречен АртАИИС. Решението се обидува да воведе една нова насока во пребарувањето податоци во ЕРП системот АртАИИС, имено текст базирано пребарување, кое овозможува искористување на богатството на информации во компанискиот информациски систем, како за редовни така и за нередовни и необучени корисници за увид, бизнис аналитика и сл. Резултатите од нашата евалуација на стандардното филтер пребарување и пребарувачката машина за дадена тест колекција на информациски потреби покажуваат дека димензијата на текст ориентирано пребарување придонесува за полесна употреба на пребарувачка функционалност во ЕРП системот АртАИИС за сите типови на корисници.

References

Frey, L, (2013). Reinventing the ERP Engine. Tech Trends 2013 – Enablers http://www.deloitte.com/assets/Dcom-UnitedKingdom/Local%20Assets/Documents/Services/Consulting/uk-con-reinventing-erp-engine.pdf

Gaudin, S, (2012). Google upgrades Search Appliance for enterprises. ComputerWorld, http://www.computerworld.com/s/article/9232198/Google_upgrades_Search_Appliance_for_enterprises

Halim, N. 2013, Stream processing. Director and Chief Architect of Big Data, IBM. прегледано на 20.11.2013 http://www.ibm.com/smarter-computing/us/en/technical-breakthroughs/stream-processing.html

Manning, C, D, Raghavan, P, Schütze, H, (2009). An Introduction to Information Retrieval, Cambridge University Press

Ziliak, P, (2013). Powerful ERP search tool now available for Sage 100 ERP v2013. http://www.prweb.com/releases/2013/2/prweb10478394.htm, прегледано на 10.12.2013

Published
2014-06-03