Анализа на однесувањето на едно квадратно пресликување како дискретен динамички систем
Abstract
Во овој труд го анализираме квадратното пресликување кое зависи од еден реален параметар А и за различна реална вредност на параметарот А ова пресликување дава еднопараметрска фамилија на функции. Aнализата ќе биде направена од аспект на диференцната равенка , разгледувана како дискретен динамички систем. Анализирањето на динамиката на еден ваков систем во суштина е анализирање и класификација на стабилноста на неподвижните точки, постоење на орбити, како и анализа на бифуркационен дијаграм. Графичките презентации ќе бидат изработени во математичкиот пакет Mathematica.