Анализа на процесот на сертификација на информациските системи на државните органи во Република Македонија согласно законот за електронско управување

Authors

  • Aleksandar Arsovski ,
  • Aleksandra Mileva University Goce Delcev ,

Abstract

Информациско комуникациските технологии го обликуваат современото општество, а придобивките од користењето се чувствуваат секојдневно. Користењето на ИКТ претставува неопходна алатка за исполнување на дневните активности и обврски. Примената на современите технологии овозможува зголемена продуктивност и подобра комуникација во работните организации, но исто така може да предизвика и поголеми предизвици за непрекинато функционирање системите.Со цел успешно справување со безбедносните ризици, во Република Македонија е усвоена законска рамка претставена во збир на минимални препораки. Оваа рамка која е задолжителна за државните органи е утврдена во Законот за електронско управување каде е пресликана во процес на сертификација на информациските системи.Процесот се спроведува согласно Законот за електронско управување и се однесува на институции на кои согласно закон им е доверено да вршат јавни овластувања, односно извршуваат електронски административни услуги и разменуваат документи и податоци по електронски пат. Овие институции се задолжени да го следат процесот на сертификација на информациски системи, а до овој момент се сертифицирани само четири институции во Република Македонија.Овој труд дава анализа на процесот на сертификација со цел да се утврдат сите побарувања, како техничко- технолошки, административно управување и зголемување на човечки капацитет, систематизација на улоги и работни позиции, усвојување на внатрешни правилници и процедури, контрола и оценување на процесот.

Downloads

Published

2016-09-29

Most read articles by the same author(s)