АНАЛИЗА НА ТЕКОВНАТА СОСТОЈБА И ИДНИ ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ НА КОНДИТОРСКИ ПРОИЗВОДИ
Abstract
Позицијата на пазарот доби поголемо значење како директна последица на се почестата појава на зрели пазари, зголемените разлики во потрошувачките преференции и неопходноста од допирање до специјализирани пазари или пазарни ниши. Пазарната позиција на едно претпријатие може да произлезе од маркетинг можноста - потрошувачка потреба и интерес од која постои голема веројатност за компанијата да оствари профит, доколку ја задоволи таа потреба. За да се дојде до маркетинг можноста, потреба е анализа на пазарот како од аспект на актуелните случувања, така и во однос на идните трендови кои ќе ја условуваат идната побарувачка. Трудот е инспириран од постојните случувања на домашниот пазар на кондиторски производи, каде лидерската позиција им припаќа на странските брендови, а домашните компании во континуитет го губат пазарниот удел и се заглавени во лавиринтот на ниските цени.