УЛОГАТА НА ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО ВРЗ КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА НА РАЗВОЈ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

  • Mila Mitreva
  • Trajko Miceski

Abstract

Трансформациското лидерство упатува на креирање култура која промовира градење на личностите, т.е. на вработените, со вистински вредности и успешна реализација на целите на компанијата. Тоа побудува развивање на позитивна трансформација на личностите врз харизматични концепции, посакувана клима на работење и креирање успешна стратегија на развој. Во својата идеална форма, тоа создава вредни и позитивни промени кај следбениците, сѐ со цел за нивно понатамошно развивање во лидери. Трансформациското лидерство во најголем дел се темели врз личноста на лидерот, карактерот, визијата, предизвикот и неговиот пример. Во својата автентична форма, овој стил на лидерство ја зголемува мотивацијата, моралот и перформансите на следбениците преку различни механизми. Во овој труд се опфатени современите погледи кон трансформациското лидерство, базирано на харизматичност, неговата улога во организациите за иновирање, т.е. креирање на успешна стратегија на развој на организацијата, направено е емпириското истражување за согледување на состобите за постоење на трансформациско лидерство во организациите преку анализирање на исказите на испитуваните менаџери и вработени и истите прикажани преку табеларни, графички и пресметковни приоди.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-10-07
How to Cite
Mitreva, M., & Miceski, T. (2019). УЛОГАТА НА ТРАНСФОРМАЦИСКОТО ЛИДЕРСТВО ВРЗ КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА НА РАЗВОЈ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА. Yearbook - Faculty of Economics, 17(1), 7-25. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3266

Most read articles by the same author(s)

<< < 3 4 5 6 7 8 9 > >>