МЕРЕЊЕ И СУМИРАЊЕ НА РЕВИЗОРСКИОТ РИЗИК
Abstract
Во деловниот свет ревизијата претставува многу потребна активност бидејќи со изразеното мислење го подига кредибилитетот на информациите презентирани во финансиските извештаи. Ревизорите испитуваат, анализираат и ги спроведуваат ревизорските постапки на финансиските извештаи, сѐ со цел да се открие дали тие содржат материјално погрешни прикажувања. Целта на ревизорот е да добие доволен број докази за да може да изрази разумно уверување дека финансиските извештаи не содржат материјално значајни погрешни прикажувања. Утврдувањето на ревизорскиот ризик како концепт на ревизијата, претставува значајна алатка при спроведувањето на процесот на ревизија. Ревизорскиот ризик претставува многу битно начело бидејќи го одредува потребното време и количината на тестови за да можат адекватно да се ревидираат финансиските извештаи.