ПОТРЕБАТА ОД ИТ ЕКСПЕРТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ

  • Marija Arapova
  • Janka Dimitrova

Abstract

Со забрзувањето на научно-технолошкиот напредок и глобализацијата, светскиот политички и економски развој претрпе големи промени. Со цел да се подобри ревизијата, претпријатијата треба да ја применуваат националната регулатива, a екпертите да применуваат креативни алатки и методологии за решавање на проблемите и извршување на ревизијата. За да се разберат одделните активности на ентитетот кај кој се врши ревизија, ревизорот мора да располага со знаења од информатичката технологија, односно од нејзина примена во процесот на обработка на сметководствените податоци. Тој треба да ги разбира и проучува табеларно претставените податоци, графиконите и дијаграмите кои се креираат, целата организација на конкретната компјутерска обработка, и да поседува неопходно знаење за вградениот систем на интерни контроли. За контролните апликации се користат одделни програми што се изработени од страна на ревизорот. Со овие програми се проверуват резултатите од обработката на податоците и нивната веродостојност. Доколку вградените контролни механизми се сигурни, тогаш и обработените резултати што ќе се добијат ќе бидат точни.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-01-28
How to Cite
Arapova, M., & Dimitrova, J. (2020). ПОТРЕБАТА ОД ИТ ЕКСПЕРТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ. Yearbook - Faculty of Economics, 18(2), 103-114. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3418

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 > >>