ЕФЕКТОТ ОД ОДАНЧУВАЊЕТО ВРЗ ПРОСЕЧНАТА ПОНДЕРИРАНА ЦЕНА НА КАПИТАЛОТ
Abstract
Компаниите располагаат со многубројни начини за собирање дополнителни средства заради финансирање на бизнисот, кои генерално се сведуваат на два основни извори на капитал и тоа: долг (debt или туѓ капитал) и сопствен капитал (equity). Ексклузивното користење само на едниот или другиот вид создава извесни предности и ограничувања кои треба да се земат предвид пред конечната одлука за изборот на типот на финансирањето. Просечната цена на капиталот може да се сфати како минимална (барана) стапка принос која фирмата мора да ја заработи за да ги задоволи нејзините кредитори, акционери и останати инвеститори. Во овој труд ја анализираме просечната цена на капиталот под влијание на даноците и даночниот систем и тоа најпрвин во услови на идеална перфектна економија, а потоа ги воведуваме претпоставките на имперфектната економија. Основниот методолошки пристап е Концептот на маргинални даночни стапки од авторите Devereux & Griffith.
Клучни зборови: Долг, сопствен капитал, просечна пондерирана цена на капиталот, WACC, данок на добивка, персонален данок, извор на капитал итн.