ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОМОЦИЈАТА ВРЗ ДЕЛОВНИОТ УСПЕХ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО „ВИТАМИНКА“ – ПРИЛЕП
Abstract
Потребата од креирање и применување на различни промотивни активности потекнува од можностите што оваа активност ги нуди за претпријатието. Со промоцијата како активност, а уште повеќе со нејзино вклучување во стратегијата на работа кај претпријатието, тоа ќе може да реализира позитивни резултати во работата. Промотивните активности, односно сите можни форми на промоција помагаат да се презентира производот на пазарот, да се влијае врз експанзија на продажбата и секако да се зачува местото на прв избор кај лојалните потрошувачи. Промоцијата не само што влијае позитивно врз продажбата на производите и препознавањето на производите кај потрошувачите, за претпријатието е уште поважно за нејзиното влијание врз успехот. Преку постојаното позитивно зголемување на продажбата тоа влијае на успехот на претпријатието, како на финансискиот така и на целокупниот деловен успех, исто така и на имиџот на претпријатието. Во рамките на овој стручен труд се дава осврт на промоцијата како активност, како и промотивната стратегија што претпријатието „Витаминка“ ја применува на домашниот и на странските пазари и како тоа влијае на неговиот долгогодишен успех. За таа цел се употребени неколку методи, како аналитичко-синтетичка метода каде што се гледа како промотивната стратегија од теорија директно се применува во пракса кај „Витаминка“. Друг метод е индуктивно-дедуктивниот, односно се донесува заклучок дали елементите на промотивната стратегија се применуваат во пракса. За потребите на трудот исто така е спроведена анкета, односно имаме информации од прва рака, потрошувачите.
Downloads
References
2. Мулинс Џ. и Вокер Јуниор О., „Маркетинг менаџмент“, АРС Ламина ДОО, Скопје, 2002. стр.344
3. Котлер Ф., Армстронг Г.,Саундерс Ј., Вонг В., „Принципи на маркетинг“ (превод на Влада на РМ), Трето европско издание, 2001. стр.734
4. Петковска Т., Петковска Мирчевска Т., „Меѓународен маркетинг“, Економски институт, Скопје, 2014. стр. 507
5. Дјумович И., цит. дело „Marketing suvremena koncepcija trzisnog poslavanja“, во Јаќовски Б., „Маркетинг“, Студентски збор, Скопје, 1983. стр.385
6. http://www.vitaminka.com.mk/mk/pages/about/istorija
7. http://www.seinet.com.mk/Default.aspx