Инвестициони проекти финансирани преку емисија на хартии од вредност

  • Janka Dimitrova

Abstract

Инвестирањето во хартии од вредност значи вложување во иднината на компанијата што е емитент на хартиите од вредност. Инвеститорите, со купувањето на акции или корпоративни обврзници на примарниот пазар на капитал, ги финансираат развојните планови и проекти на компаниите. За возврат, инвеститорите очекуваат добри финансиски резултати, кои ќе иницираат зголемување на цената на хартиите од вредност на секундарниот пазар на капитал и дивиденда. Постои, примарна (прва) емисија на хартии од вредност која се издава во моментот на основање на акционерско друштво или при трансформација на Друштво со ограничена одговорност во Aкционерско друштво преку Иницијална јавна понуда IPOs (Initial Public Offering) на хартии од вредност и секундарна (втора, трета итн.) емисија на хартии од вредност кои се издаваат за докапитализација на компанијата. Секоја нова емисија на хартии од вредност се тргува на примарниот пазар на капитал, додека натамошното тргување (промена на сопственоста) со хартиите од вредност се одвива на секундарниот пазар на капитал.

Downloads

Download data is not yet available.

References

ZVI BODIE, ALEX KANE, ALAN J. MARCUS; INVESTMENTS (од програмата на владата на РМ за преведување на 500 стручни, научни книги и учебници)

М-р Зоран Колев, Анализа на берзанско работење, Скопје, 2008

Д-р Зоран Ивановски, Финансиски менаџмент, Европски универзитет, Скопје, 2006

Лаури Линд, директор во инвестициската банка Hansabank Естонија, интервју за неделникот КАПИТАЛ

Philip Kotler, Hermawan Kartajaya, S.David Young: ATRACTING INVESTORS (од Програмата на Владата на РМ за преведување на 500 стручни, научни книги и учебници)

Published
2013-05-20
How to Cite
Dimitrova, J. (2013). Инвестициони проекти финансирани преку емисија на хартии од вредност. Yearbook - Faculty of Economics, 3(1), pp.127-136. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/487