ОБУКАТА НА КАДРИТЕ КАКО КЛУЧНА ДЕТЕРМИНАНТА ЗА ОПСТАНОК И РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
Keywords:
знаење, учење, развој, менаџер, ресурсиAbstract
Процесот на учење, како пренос на знаењето (трансмисијата на
знаење) е клучен елемент во научниот систем, тоа е столб на образованието
и обуката. Бизнисот кој се заснова на знаење, учењето има круцијално
значење и важно е за одредување на судбината на поединците, организациите
и воопшто, за економијата на државата. Синергијата од знаење игра важна
улога во преносот и ширењето на знаењето во економијата.1 Едно од
главните обележја на економијата заснована на знаење е признавањето
дека ширењето на знаењето е подеднакво значајно за настанувањето на
истото, што става акцент да се сврти повеќе внимание на „дистрибутивна
мрежа на знаење“ и „националниот систем за иновации“.
Секој човек е обликуван од неговата количина на знаење, способноста
за понатамошно учење, неговата креативност, но и мотивираноста за
извршување на задачите, што го прави различен од другите ресурси во
компаниите.