https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/issue/feedYearbook - Faculty of Economics2024-12-23T11:37:18+00:00No replynoreply@ugd.edu.mkOpen Journal Systemshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7049Introduction2024-12-23T11:37:15+00:00Mila Mitrevamila.mitreva@ugd.edu.mk2024-12-23T07:04:28+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7053 ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ И ПРЕДВИДУВАЊЕ НА РИЗИЦИ2024-12-23T11:37:16+00:00Mila Mitrevamila.mitreva@ugd.edu.mkBlagica Kolevablagica.koleva@ugd.edu.mk
Во ова истражување е даден теоретски преглед на важноста на вештачката интелигенција во финансиското моделирање и предвидување на ризици. На глобално ниво, финансиските пазари се развиваат со многу брзо темпо, каде што ефикасноста, брзината и прецизноста играат важна улога во постигнувањето на позитивни резултати. Ова е овозможено преку вештачката интелигенција преку која се овозможува анализирање на големи бази на податоци за краток временски период. Финансискиот сектор е динамичен и променлив и затоа е потребно креирање на модели преку кои навремено може да се предвидат потенцијални кризи и да се изработат стратегии за нивно избегнување.
2024-12-23T10:46:26+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7057 ВИДОВИ РИЗИЦИ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО БАНКИТЕ-НЛБ БАНКА2024-12-23T11:37:16+00:00Simona Andova Jovchevsimona.208712@student.ugd.edu.mkMarija Gogova Samonikovmarija.gogova@ugd.edu.mk
Банките се најзначајни и најдоминантни учесници на финансиските пазари, Со право го земаат епитетот на најбитен фактор во управувањето со тековите на финансиските процеси. Како специфична институција, банките имаат голем импакт на целокупната светска економија но
и со својата специфична финансиска структура се соочуваат со потенцијални закани и ризици кои директно или индиректно влијаат на нивното целокупно работење. Сѐ со цел да се намали и заштити влијанието на закани од ризични фактори во банкарскиот сектор е создадена релативно
нова научна дисциплина која се нарекува управување со ризици. Управувањето со ризици ја има главната улога во успешноста на банките и несомнено е дека само доброто менаџирање со ризиците може да даде успех во работењето на банките.
2024-12-23T11:12:46+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7051 АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА УЧИЛИШТАТА ВО РСМ2024-12-23T11:37:17+00:00Blagica Kolevablagica.koleva@ugd.edu.mkOlivera Gjorgieva-Trajkovskaolivera.trajkovska@ugd.edu.mkMila Mitrevamila.mitreva@ugd.edu.mk
Во јавните установи, како што се училиштата, финансиите се главно буџетски и нивното трошење подлежи на контрола и надзор од финансиски институции, локална самоуправа, управен одбор итн. Работата на менаџментот во финансискиот дел е да планира, обезбеди и правилно да го насочи трошењето на средствата и за истите да даде отчет пред надлежните во вид на финасиски извештаи, завршна сметка итн. За сето тоа е потребно менаџментот на училиштата да биде стручен, креативен, да умее да истражува и постојано да учи. Колку поуредно се работи во финасискиот дел, толку развојот на училиштето ќе биде поголем, тоа ќе биде поконкурентно и ќе може да ги следи современите текови во образовниот процес. Овој труд ја истражува улогата на финансиските извештаи во управувањето со училиштата во Република Северна Македонија. Анализирани се клучните аспекти на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на финансиското работење, со осврт на законската регулатива и праксата во образовните институции. Истражувањето се базира на анкети со менаџери, сметководители и
наставници од различни училишта, при што се идентификувани предизвиците и можностите за подобрување. Добиените резултати покажуваат дека иако финансиското работење во училиштата е главно стабилно, потребна е поголема едукација и вклученост на сите засегнати страни. Предложени се насоки за подобрување на транспарентноста и оптималното управување со финансиските ресурси.
2024-12-23T07:33:41+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7054СОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА ПРЕСМЕТКА И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИТЕ2024-12-23T11:37:17+00:00Mihaela Trajkovskamihaela.208713@ugd.edu.mkBlagica Kolevablagica.koleva@ugd.edu.mk
Предмет на обработка во овој труд претставуваат современите системи за пресметка на трошоците, преку анализа на начинот на кој истите ги опфаќаат и пресметуваат сметководствените трошоци, со цел за што е можно попрецизно одредување на цената на чинење на учиноците и ефикасно управување со бизнисите. Современите методи за пресметка на трошоците имаат значајна улога во современите пазарни економии, заради сѐ поизразената потреба за хармонизација на производствените процеси и ефикасно управување со финансиите, односно зголемување на профитот на компаниите. Традиционалните системи за пресметка на трошоците се недоволно ефикасни во управувањето со производството, затоа што во услови на развиени и високо конкурентни пазари, се јавува потреба во исто време да се произведува поефтино, со повисок квалитет и побрзо во однос на конкуренцијата. Ова може да се постигне со воведување и примена на современите методи за пресметка на трошоците, кои имаат различни цели и со самото тоа, не се универзални за сите типови на индустрии.
Врз основа на различните потреби на компаниите и поставените цели на работењето,
менаџментот избира еден од методите за пресметка на трошоците, кој најдобро ги задоволува
потребите на сметководството и стратешкиот менаџмент на компанијата.
2024-12-23T10:51:13+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7060ЗНАЧЕЊЕТО НА АНАЛИЗАТА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ И УСПЕШНОСТ НА КОМПАНИИТЕ2024-12-23T11:37:17+00:00Aleksandra Kostadinovaleksandra.208675@student.ugd.edu.mkOlivera Gjorgieva-Trajkovskaolivera.trajkovska@ugd.edu.mkBlagica Kolevablagica.koleva@ugd.edu.mk
Предмет на обработка во овој труд претставува значењето на анализата на финансиските извештаи, особено рацио анализата, за успешноста во работењето на компаниите и донесување на ефикасни економски одлуки. Финансиската анализа претставува исцрпно истражување, квантифицирање, опис и оценка на финансиската состојба и успешност на компанијата. Финансиската анализа се јавува како една од најважните функции на управување, раководење и контрола на финансиите на една компанија.Таа дава оценка за бонитетот на компанијата и има за цел да ја утврди финансиската состојба на една компанија, како квалитет и квантитет на средства и извори на средства и финансиски резултат во одреден временски период. Преку анализата и обработка на информациите презентирани во финансиските извештаи (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и извештај за промена на капиталот) се добива одговор на многу прашања, како што се: каква е состојбата со средствата на компанијата? Колкава е неговата успешност? Колкава е искористеноста на ресурсите? Колку се оправдани
неговите трошоци? Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Таа се фокусира, пред сѐ на финансиските показатели кои ги користат аналитичарите, инвеститорите, менаџерите и другите заинтересирани субјекти, со кои
се врши евалуација на финансиската состојба, оперативните перформанси и готовинските текови на работењето на компаниите.
2024-12-23T11:28:25+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7050ФИНТЕК КАКО КАТАЛИЗАТОР КОЈ ГИ ТРАНСФОРМИРА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ СТРАТЕГИИ ВО БАНКИТЕ 2024-12-23T11:37:17+00:00Elenica Sofijanovaelenica.sofijanova@ugd.edu.mkJulija Borizovskijulija.208718@student.ugd.edu.mk
Во последните две децении, финансиската индустрија доживеа значајни трансформации благодарение на појавата и брзиот развој на финансиските технологии (Финтек). Финтек претставува комбинација на финансии и технологија која овозможува автоматизација и дигитализација на традиционалните банкарски услуги. Со воведувањето на мобилното банкарство, дигиталните плаќања и блокчејн технологијата, Финтек значително го промени начинот на кој банките функционираат, но и очекувањата на корисниците и улогата на вработените во банките. Финтек не само што ги променува стратегиите за управување во банките, туку и создава нова динамика на пазарот. Банките мора да инвестираат во дигитализација, да прифатат иновации, но и да ја модернизираат својата организациска структура и да го променат својот начин на работа за да останат конкурентни. Стратешкото лидерство, прифаќањето на нови технологии и изградбата на култура на иновации се клучни за успешната интеграција на Финтек во банкарскиот сектор.
Финтек технологиите претставуваат движечка сила во трансформацијата на банкарскиот сектор, носејќи промени кои ги редефинираат организациските стратегии и лидерските модели. Овој труд ја истражува улогата на Финтек како катализатор за иновации и адаптација, со фокус на стратегиите за имплементирање на новите технологии, организациските промени и влијанието на лидерите. Исто така, трудот ќе ја нагласи важноста на Финтек како катализатор за модернизација на банкарските процеси и ќе даде увид во тоа како овие промени можат да го зголемат задоволството и продуктивноста во секторот.
2024-12-23T07:25:50+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7052 СОЗДАВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНА ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА ПРЕКУ ИНТЕГРИРАНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ 2024-12-23T11:37:17+00:00Elenica Sofijanovaelenica.sofijanova@ugd.edu.mkAlen Belurovskialen.208709@student.ugd.edu.mk
Овој труд е посветен на анализа на специјализација на работните активности, затоа што секој вработен добро е, и потребно е да си ја знае својата работа, но до кој степен ќе биде специјализирана работата е многу битно, исто така. Потребно е добро познавање на квалитетот
на кадарот со кој располага организацијата, потребна е координација на работа која не е рутинска и е непредвидлива, потребно е групирање на организациските единици, како и проектирање на сите работни активности во организацијата. Во зависност од тоа колку ќе биде успешно
организирањето, толку ќе се постигне успешност и видливи резултати во самото организациско работење. Доколку менаџерите ги поттикнуваат и ги мотивираат своите вработени квалитетно да ги извршуваат работните задачи, ќе се овозможи да се постигне поголем учинок и видливи резултати. Таа интеграција подразбира вработени кои соработуваат меѓусебно, вработени кои преземаат индивидуална одговорност, како и навремено и квалитетно извршени работни активности што доведува до почитување помеѓу менаџерите - раководителите и другите вработени.
2024-12-23T10:35:28+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7055 УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС НА ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ ОД СТРАНСКИ ДОНАТОРИ - СОВРЕМЕН ПРИСТАП НА МЕНАЏИРАЊЕ2024-12-23T11:37:17+00:00Majan Dimovmarjan.208719@ugd.edu.mkElena Veselinovaelena.veselinova@ugd.edu.mk
Менаџирањето на проекти финансирани од странски донатори (Европска Унија, САД и сл.) е во постојан раст во последните години, особено со развојот на различни видови организации кои обединуваат експертиза од различни области. Еден од клучните аспекти на одреден
проект, откако истиот бил подготовен, поднесен и одобрен за финансирање во било која програма, е неговото спроведување. Фазата на спроведување се состои од два интегрални дела: Формален дел кој вклучува документација, правила, известување и други активности; Суштински дел кој ја поставува основата за спроведување и која вклучува мерки за квалитет, остварување на поставени индикатори на ниво на проект и програма и сл. Токму сложеноста на процесот на управување со донаторски проекти наметнува потреба од современ пристап во нивното севкупно менаџирање.
2024-12-23T10:56:38+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7056 БИЗНИС ПЛАН – ПАТОКАЗ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ 2024-12-23T11:37:17+00:00Sandra Palifrova Nikolovasandra.208720@student.ugd.edu.mkElena Veselinovaelena.veselinova@ugd.edu.mk
Во овој труд се укажува за важноста на бизнис планот како средство за постигнување на некоја цел. Бизнис планот сѐ почесто се истакнува како значајна претпоставка за успешно работење, услов за започнување било какви активности чија цел е привлекување на капитал, поврзување со домашни и странски партнери и како извор на информации за организациско одлучување. Исто така, има улога на темелен акт за дефинирање и водење на организациска политика. Станува збор за документ кој се изготвува при подготовка за реализација на било каков деловен потфат и проект чија цел е да ги прикаже основните елементи на предвидениот потфат, како и да пружи подлога за одлуката на различни субјекти за донесување и нејзино спроведување.
2024-12-23T11:06:01+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economicshttps://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/7058УЛОГАТА НА ЕФЕКТИВНО ЛИДЕРСТВО ВО ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА2024-12-23T11:37:18+00:00Viktorija Pejchinovska Stoilkovskaviktorija.208665@student.ugd.edu.mkElena Veselinovaelena.veselinova@ugd.edu.mk
Целта на овој труд е да ја истражи улогата на ефективното лидерство во обликувањето на организациската култура, со фокус на идентификацијата и анализата на различните модели на менаџерско лидерство. Предметот на истражувањето ги опфаќа односите
помеѓу лидерските стилови и организациската ефективност, додека емпирискиот корпус се базира на анализи од релевантна литература и примери од практиката. Техниките на анализа вклучуваат споредба на карактеристиките на ефективно и неефективно лидерство, како и идентификација на основните предизвици и можности за подобрување на организациските перформанси. Клучните резултати покажуваат дека успешното лидерство значително ја зголемува продуктивноста, мотивацијата и тимската кохезија, додека недостатокот на лидерски вештини води до слаба организациска култура и намалена конкурентност. Трудот заклучува дека развојот на системски пристапи за усовршување на лидерските способности е клучен за долгорочниот успех на организациите.
2024-12-23T11:17:55+00:00Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics