Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE en-US noreply@ugd.edu.mk (No reply) noreply@ugd.edu.mk (No reply) Fri, 26 Jan 2024 21:51:09 +0000 OJS 3.1.2.4 http://blogs.law.harvard.edu/tech/rss 60 Introduction https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6359 Mila Mitreva Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6359 Fri, 26 Jan 2024 21:03:29 +0000 РАЗВОЈ НА СМЕТКОВОДСТВОТО https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6360
Сметководствените информации ги обезбедува сметководствениот информационен систем, кој како потсистем на информациониот систем на компанијата има големо значење и улога. Сметководството преку планирањето, контролата и анализата, како и преку компјутерската обработка на информациите, е еден од најважните инструменти за ефикасно управување со компаниите. Почетоците на сметководството датираат уште од античка Месопотамија (со почетоците на цивилизацијата), односно потребата за евиденција се јавила со појавата на писменоста и на „размената”, како и парите како средство за размена. Од тогаш, па до денес сметководството постојано еволуирало и се прилагодувало согласно тековните промени. Дел од предизвиците и потребите за развојот се обелоденети во овој труд. Сметководството како професија се развивало и претрпело промени, но темелите останале исти. Прилагодливоста, континуитетот, ажурноста и навременоста останале темел за развој на професијата до денешното ниво. Сите промени во општествениот поредок, формите на организациите, околностите, како и глобализацијата не успеале да ја разнишат сметководствената нишка, туку напротив таа секогаш нашла начин да го зацврсти нејзиното постоење. Целта на оваа анализа е да се разбере современиот свет на сметководството, но преку призмата на неговите почетоци кои датираат уште пред околу 10.000 години од нашата ера.
Anita Milanova, Olivera Gjorgieva Trajkovska, Blagica Koleva Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6360 Fri, 26 Jan 2024 21:10:23 +0000 ПЕРСПЕКТИВИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ПРОФЕСИЈА ВО РС МАКЕДОНИЈА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6361
Предмет на обработка во овој труд претставуваат перспективите и предизвиците со кои се соочува сметководствената професија во РС Македонија со цел разработка на денешните и идните проблеми на сметководствената професија како и новите предизвици. Клучот да се разбере еден бизнис се наоѓа во разбирањето на неговото сметководство. Сметководството има централна улога во работењето на секој модерен бизнис. Сметководството како професија во развојот на економијата на една земја е од непроценливa важност. Сметководителите се јадрото на економијата, важна алка помеѓу државата и бизнис секторот, одговорни за пресметување и прибирање на даноците од кои се полни буџетот, сметководителите се консултанти на бизнис секторот. Сметководителите се исправени пред предизвикот континуирано да го надградуваат сопственото знаење и умеење и постојано да пронаоѓаат начини, методи и технологии. Сметководителите се во позиција да мора да го прилагодат својот начин на функционирање, со нови информатички технологии и придобивките кои истите ги
нудат. Сметководствената професија исто како и многу други професии, се испречува пред предизвикот наречен континуирана едукација и знаење од повеќе области, вклучувајќи ја и информатичката технологија. Оние сметководствени компании кои ќе успеат да направат трансфер на своето знаење и умеење, кои постојано и успешно ќе менаџираат со знаењето на своите вработени и ќе бидат во тек со новите информатички технологии, ќе успеат во голема мера да остварат компаративни предности во однос на конкуренцијата.
Bisera Tasevska, Blagica Koleva, Olivera Gjorgieva Trajkovska Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6361 Fri, 26 Jan 2024 21:17:41 +0000 СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ПРОФЕСИЈА ВО НОВАТА ДИГИТАЛНА ЕРА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6362
Предмет на обработка во овој труд претставуваат промените со кои се соочува сметководствената професија во новата дигитална ера, со посебен осврт даден на клучните предизвици и технологиите кои можат да дадат придонес за нивно надминување. Сметководствената професија, како неизоставен дел од корпоративното управување, се соочува со значителни промени во контекстот на новата дигитална ера. Воведот на напредни технолошки иновации, како што се вештачка интелигенција, „облак“ компјутерски системи и блокчејн технологија, придонесува досегашните методи и практики во сметководството да исчезнат. Трудот се фокусира на разбирањето на тоа како сметководствената професија треба да се адаптира и интегрира со овие нови технологии. Со воведување на вештачката интелигенција, сметководителите имаат можност да автоматизираат многу рутински задачи, што ќе им овозможи да се фокусираат на стратешки и аналитички аспекти на својата работа. Истовремено, „облак“ компјутерски системи обезбедуваат можност за повеќефункционалност и мобилност, овозможувајќи пристап до податоци од било каде и било кога. Блокчејн технологијата, со својата дистрибуирана и непроменлива природа, допринесува за обезбедување на интегритетот
и сигурноста на финансиските трансакции.
Viki Stoilkova, Blagica Koleva, Olivera Gjorgieva Trajkovska Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6362 Fri, 26 Jan 2024 21:24:22 +0000 ФИНАНИСКАТА АНАЛИЗА КАКО МЕТОДОЛОШКИ ИНСТРУМЕНТ ЗА ОЦЕНКА НА СТАБИЛНОСТА И УСПЕШНОСТА НА КОМПАНИИТЕ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6366
Предмет на обработка во овој труд претставува финаниската анализа како еден од методолошките инструменти преку која може да се направи една првична оценка каква стабилност и успешност има дадена компанија. Финаниската анализа претставува селекција, евалуација и интерпретација на финансиски податоци и други релевантни информации кои овозможуваат проценка на оперативните перформанси и финансиската состојба на компанијата или индустријата. Финаниската анализа мора да ги земе предвид сите релевантни економски информации кои може да влијаат врз работењето на економскиот ентитет, вклучени, но не и лимитирани во нивните финансиски извештаи. Функцијата на финансиската анализа е да им овозможи на оние кои партиципираат на финансиските пазари да формираат свои сопствени рационални очекувања за идните економски настани, посебно за вредноста, тајмингот и несигурноста на идниот готовински тек на компанијата. Преку овој процес финансиските аналитичари формираат мислења за апсолутната и релативната вредност на индивидуалните компании, донесуваат инвестициони одлуки или поттикнуваат тие да бидат донесени.
Blagica Hristoska, Blagica Koleva Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6366 Fri, 26 Jan 2024 21:45:14 +0000 ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД 19 ПАНДЕМИЈАТА ВРЗ ПАЗАРОТ НА ТРУД И ИМПЛИКАЦИИТЕ ВРЗ ФИНАНСИСКИОТ ПАЗАР https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6365
Последиците од Ковид-19 пандемијата имаа бројни социјални, политички и економски последици. Сепак, многу студии сугерираат дека пазарот на труд е најпогодената област во споредба со другите. Тоа е затоа што некои од работниците беа принудени да дадат отказ поради присуството на Ковид-19 пандемијата на нивните работни места. Овој труд се фокусира на спроведување на сеопфатно истражување за ефектите на КОВИД-19 пандемијата на пазарите на трудот и импликациите врз финансиските пазари. Добро е познато дека Ковид-19 пандемијата доведе до широко распространето губење на работни места и намалување на учеството на работната сила. КОВИД-19 пандемијата целосно го промени начинот на кој живееме и драстично го промени економскиот пејзаж, зголемувајќи ја невработеноста и менувајќи го начинот на кој се бара од луѓето да работат, имплементирајќи нови технологии за одржување на безбедна работна средина.Стапката на невработеност значително се зголеми, а бројот на луѓе без работа се зголеми за милиони. Пазарот на трудот исто така беше погоден од намалените работни часови и зголемените привремени отпуштања.
Marija Gogova Samonikov, Ljubinka Stojanova Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6365 Fri, 26 Jan 2024 21:40:34 +0000 УПРАВУВАЊЕ СО БАНКАРСКИОТ РИЗИК ВО ПЕРИОДОТ ЗА И ПОСТ КОВИД 19 ПАНДЕМИЈАТА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6367
Ризиците од финансиското работење и ефикасното управување со нив, како за поодделните банки така и за банкарските системи – системите на националните економии, но и за системот на глобално ниво, се од огромно значење. Од почетокот на 2020 година, светот се соочи со неочекуван и силен шок, предизвикан од пандемијата на новиот корона-вирус, којашто не ја одмина ниту нашата земја. Во тој поглед овој труд се осврнува на најважните банкарски ризици со посебен акцент на банкарските ризици во периодот пред и после Ковид 19 пандемијата.
Marija Gogova Samonikov, Pavlinka Deleva Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6367 Fri, 26 Jan 2024 21:50:00 +0000 ФЛАТАРХИЈА - ОРГАНИЗАЦИСКАТА СТРУКТУРА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6363
Системот кој опишува како се постапува со конкретни активности за да се исполни стратешката мисија е познат како организацска структура. Правилата, улогите и обврските се дел од овие активности. Организациската структура исто така го одредува протокот на информации помеѓу одделенијата во рамките на компанијата. Со организациската структура се воспоставува хиерархија во една организација. Улогата на секој вработен и како тој се интегрира во поголемиот систем се дефинирани со успешна организациска структура. Едноставно дефинирано, организациската структура утврдува којшто прави за компанијата да ги исполни своите цели. Функционални, дивизионални, флатархиски и матрични структури се видови и стилови на организациски структури. Пред да одредат кој стил на организација е идеален за нивната компанија, високите лидери треба да разгледаат неколку аспекти, вклучувајќи ги целите на компанијата, индустријата и културата.
Elenica Sofijanova, Darko Andronikov, Saska Golomeova Longurova Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6363 Fri, 26 Jan 2024 21:29:54 +0000 LEYMANN INVENTORY – СКАЛА ЗА МОБИНГ И ПСИХОЛОШКО МАЛТРЕТИРАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6364
Во последниве години, сè почести и повидливи се проблемите во работната средина, полека но сигурно се откриваат, а за чие постоење и обем претходно не се знаело. Оваа состојба наречена мобинг или психичко малтретирање на работното место, создава секојдневни жртви на систематско стигматизирање преку, меѓу другото, неправди (повредување на правата на личноста), за што одговорни може да бидат дел од соработниците или некој од менаџментот на организацијата. LIPT е еден од најкористените инструменти за проценка на мобингот. Прашалникот LIPT бил развиен во Шведска од H. Leymann и беше потврден во неколку земји, на пр. во Франција, Депресивните симптоми измерени со овој прашалник указуваат на тоа дека тие се поттикнати од мината изложеност на малтретирање, тортурата е голем фактор за депресии, како и континуитетот во психолошкото малтретирање е одлучувачки фактор
на ризик за симптоми на депресија и кај мажите и кај жените.
Elenica Sofijanova Copyright (c) 2024 Yearbook - Faculty of Economics https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6364 Fri, 26 Jan 2024 21:35:29 +0000