Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL en-US borka.tusevska@ugd.edu.mk (Borka Tusevska) borka.tusevska@ugd.edu.mk (Borka Tusevska) Sat, 20 Jun 2020 11:24:01 +0000 OJS 3.1.2.4 http://blogs.law.harvard.edu/tech/rss 60 ДОКТРИНАТА ЗА ПРАВОСИЛНОСТ НА СУДСКИТЕ ОДЛУКИ ВО АНГЛО-АМЕРИКАНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ КАКО ПОСЕБЕН КОНЦЕПТ НА ПРЕКЛУЗИЈА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3553
Правосилноста на судските одлуки во англо-американскиот систем (common law системот) е предмет на проучување на правото на докажување (law of evidence) и тесно е поврзана со потребите на судската практика. Причината за постоење на овој институт е потребата да се спречат субјектите спрема кои дејствува одредена конечнаодлука подоцна во иден спор, да тврдат нешто спротивно на она што со претходна судска одлука изречно е декларирано или да се спречи можноста тужителот кој победил во конкретна парница одново да бара иста правна заштита спрема исто тужено лице. Доктрината за правосилност на судските одлуки во common law системот се создаде како посебен сегмент во концептот за преклузиите. Преклузијата за правосилност на судските одлуки во common law системот се дели на две форми (концепти) на преклузија кои меѓусебно се поврзани и тоа: 1) claim preclusion и 2) issue preclusion (collateral estoppel). Сlaim preclusion спречува повторно да има парница (судење) за настан за кој е одлучено од судот со конечна одлука. За разлика од claim preclusion, issue preclusion (collateral estoppel) спречуваповторна парница (судење) за право или факт за кој веќе одлучил судија како дел од претходен случај.
Клучни зборови: res judicata, преклузија, англо-американски правен систем, субјективни граници, објективни граници
Дијана Ѓорѓиева, Зорица Стоилева Copyright (c) 2019 Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3553 Sat, 20 Jun 2020 10:43:23 +0000 РЕГУЛАТИВАТА 2017/1939 ЗА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЕВРОПСКИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: МЕЃУ ЗАСИЛЕНА СОРАБОТКА И ЕДНОГЛАСНОСТ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3554
Трудот претставува продолжение на претходно објавениот труд за Годишникот на Правниот факултет во Штип од 2017 година, а се однесува на воспоставувањето на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (КЕЈО). Освен претходното објаснување на телата кои се задолжени за борба против финансискиот криминал, како и објаснувањето на членовите 85 и 86 од Договорот од Лисабон кои ја создаваат можноста за воспоставување на КЕЈО, трудот посебно се осврнува на анализа на Регулативата 2017/1939 на Советот на Европската унија за воспоставување на КЕЈО засновано на засилена соработка. КЕЈО значително ќе биде зависно од националното право, не само поради тоа што обвинетите ќе бидат судени пред националните судови, туку бидејќи Регулативата вклучува ограничен број на правила за регулирање на истрагите и обвиненијата. Како прво Европско тело надлежно за усвојување на одлуки vis-à-vis поединците во кривичната област, КЕЈО претставува значителен напредок во кривичното право на ЕУ. Како што годишно се губат финансиските ресурси на ЕУ заради измама направена во сите држави-членки, се смета дека такво Европско тело надлежно да истражува такво незаконско однесување е повеќе од потребно. Бидејќи институцијата е предвидена да започне со работа од 2020 година, заклучокот упатува на одредени лични ставови од однос на идното функционирање на Канцеларијата.
Клучни зборови: КЕЈО, Регулатива, финансиски криминал, истраги, обвиненија
Ивица Јосифовиќ Copyright (c) 2019 Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3554 Sat, 20 Jun 2020 10:50:28 +0000 ИЗВОРИ НА НА МЕДИУМСКОТО ПРАВО https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3555
Медиумското право како релативно млада правна дисциплина својот развој го базира на брзиот развој на медиумите, особено електронските медиуми. Со развојот на медиумите се наметна потребата од нивна регулација. Медиумското право како правна дисциплина има свој предмет, содржина и правни извори. Предметот на проучување на Медиумското право е широк, но, во фокусот на проучување ја има слободата на изразување и регулацијата на медиумите. Во рамките на трудот ќе ги анализираме и најважните правни акти и извори на Медиумското право: меѓународните (актите на ООН, Советот на Европа) и националните (хетерономни) извори (устав, закони, подзаконски акти) и автономни извори (Етички кодекси, Статут, Правилници) на Здруженијата на новинари и актите на Трговските Радио-дифузни друштва.
Клучни зборови: медиумско право, предмет и содржина, извори на медиумското право
Андон Мајхошев, Војо Беловски Copyright (c) 2019 Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3555 Sat, 20 Jun 2020 10:55:40 +0000 ЕТИОЛОГИЈА НА ЖЕНСКОТО ПРЕСТАПНИШТВО https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3556
Со проучување на досегашните податоци познати за причините за женското престапништво, историските и сегашни познавања и феноменологијата на криминалитетот на жената, заедно со нејзино феноменолошко профилирање, подолу ќе се обидовме да ја објасниме потребата од проучувањето на оваа област. Притоа, константно потенцирајќи ги теориите кои се создадени во насока на објаснување на причините зошто жената врши, и пред сѐ, зошто се впушта во вршење на кривични дела, притоа, неминовно задирајќи во дел од причините кои криминолозите и светските проучувачи ги земаат како појдовна точка при објаснување и разбирање на женското престапништво. Сепак, нагласуваме дека ваквото објаснување и не претставува толку лесна и едноставна работа, особено кога на располагање се имаат „машките“ методи. Криминолошки, анализата на причините за впуштање на жената во криминалитетот, како и за нејзината, добро позната помала застапеност во вкупниот евидентиран криминалитет, е значајно за создавање на издржана претстава за движењето на криминалитетот на жената е особено за неговата прогноза и развој, а со тоа и ефективни механизми за негово превенирање.
Клучни зборови: жена, криминалец, причини, последици, прогноза, теории
Елена Максимова, Дејан Маролов Copyright (c) 2019 Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3556 Sat, 20 Jun 2020 11:00:53 +0000 ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3557
Овој труд го анализира учеството на жената во политиката, односно нејзината застапеност во политичките партии, законодавната и извршната власт во Република Македонија. Направена е анализа на учеството на жената во политиката во Европската Унија и земјите членки во функција на илустрација и компарација на состојбите во Република Македонија со оние во ЕУ. За да дојдеме до одговорите на прашањата од интерес на овој труд, во првиот дел од трудот беа анализирани состојбите во двете најголеми политички партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. При тоа беа користени партиските акти и останатите расположиви податоци достапни на интернет страниците на двете политички партии. Анализата доведе до заклучок дека жените се застапени во рамки на највисоките партиски органи, но недоволно за да може да говориме за целосна родова еднаквост. Вториот дел се однесува на застапеноста на жената во законодавниот дом, при што беа користени официјални податоци од Собранието на Република Македонија. Крајниот заклучок во однос на учеството на жената во законодавната власт е дека постои значаен напредок во застапеноста на жената, но сеуште постои недоволна избалансираност и потполна родова еднаквост. Третиот дел од трудот го анализира учеството на жената во извршната власт, со акцент ставен исклучиво на учеството на жената во досегашните владини состави. Заклучок е дека отсуството на законска норма за минимално учество на помалку застапениот пол, односно жената, има пресудно влијание. Тоа значи дека задоволителната застапеност на жената во законодавната власт се должи најмногу на законската обврска за минимална застапеност на помалку застапениот пол. Четвртиот и последен дел претставува анализа и приказ на податоци за учеството на жената во политиката во ЕУ. Тука е прикажано учеството на жената во рамки на Европскиот парламент, националните парламенти и влади, како и застапеноста на локално и регионално ниво. Добиените резултати кои се однесуваат на застапеноста на жената во Европската Унија и нејзините земји членки доведе до заклучок дека учеството на жените во политичкиот живот на земјите членки на ЕУ, гледано низ призма на бројки, е слично со она во Република Македонија. Анализата покрај квантитативниот аспект го третира и квалитативниот аспект од учеството на жената во политиката. Резултатите од истражувањето укажуваат на постоење на нагорен тренд во застапеноста на жената во севкупниот политички живот. Ова особено се однесува на учеството во законодавната власт и застапеноста во политичките партии. Сепак, резултатите покажаа дека застапеноста во извршната власт, како и застапеноста во извршувањето на највисоките и најодговорни партиски и владини функции во Република Македонија е на исклучително ниско ниво. Истражувањето покажа дека се потребни дополнителни чекори и мерки со цел изедначување на квалитативниот аспект од застапеноста и учеството на жената во политиката. Клучни зборови: застапеност, учество, жена, политика, еднаквост.
Петар Поп Арсов Copyright (c) 2019 Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3557 Sat, 20 Jun 2020 11:05:37 +0000 ПРАВНИ АКТИ, МАТЕРИЈАЛНИ ДЕЈСТВИЈА И ПРОПУШТАЊЕ КАКО ПРЕДМЕТ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД НА МАКЕДОНИЈА И ВО СПОРЕДБЕНОТО ПРАВО https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3558
Во овој труд е анализирано прашањето кои правните акти може да бидат предмет на контрола на уставноста во посебна постапка пред уставниот суд со изјавување на уставна жалба. Најчесто како предмет на контрола на уставноста преку уставната жалба се поединечните акт, но во одделни правни системи уставната жалба може да биде изјавена и против општи правни акти. Постепената еволуција на уставната жалба овозможи освен правните акти, предмет на овој правен институт да бидат и материјалните дејствија - аворитетна активност на државните органи кои преку дискрециона волја во пракса ја спроведуваат примената на законите. Исто така, постапката за заштита на човековите права пред уставниот суд може да биде поведена и кога повредата на тие права е последица на непостапување (пропуштање) на државните органи. Изведената констатација за предметот на уставната жалба е резултат на споредбената анализа. Правниот систем на Република Македонија во одредени сегменти е прилично рестриктивен. Според правните правила кои се на сила, предмет на барањето за заштита на човековите права може да бидат само поединечните правни акти и материјалните дејствија на државните органи за спроведување на општита правни акти. Во Македонското позитивно право општите правни акти не може да биде самостоен предмет на барањето за заштита на човековите права во постапка пред Уставниот суд.

Клучни зборови: уставна жалба, барање за заштита на човековите права, Уставен суд, поединечни правни акти, материјални дејствија, пропуштање на државните органи.
Дејан Савески Copyright (c) 2019 Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3558 Sat, 20 Jun 2020 11:11:47 +0000 СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И СТАВОВИ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3559
Прашањето на семејно насилство иако во глобални рамки се адресира подлабоко низ историјата, во регионот Југоисточна Европа и во државата практичната примена на неговата превенција во многу начини зависи од традиционалните односи во заедниците. Во трудот се претставува основната нормативна рамка за превенција и заштита на жртвите од семејно насилство, притоа инкорпорирајќи, кривично-правни, граѓански и аспекти на организирање на соодветните институции на државната управа, во прв ред Центрите за социјална работа. Дополнително, во рамки на трудот е спроведено истражување во почетокот на 2019 година од тим на професори и студенти на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип преку кое се согледуваат основни детерминанти и ставови на јавното мислење за прашања поврзани со семејното насилство.

Клучни зборови: семејство, насилство, закон, превенција, јавно мислење
Билјана Тодорова, Страшко Стојановски, Јадранка Денкова Copyright (c) 2019 Yearbook - Faculty of Law https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3559 Sat, 20 Jun 2020 11:18:04 +0000