Улогата на музичкиот педагог во креирањето на музичката средина во детските градинки
Abstract
Детските градинки во Македонија се установи за згрижување и воспитување на деца на возраст од осум месеци до шест години. Како установи во кои детето минува поголем дел од денот, тие ја имаат главната улога во севкупниот детски развој. Овие институции работат подетално осмислена и соодветна на возраста наставна програма (Основи на програмата за воспитно - образовна работа со деца од предучилишна возраст во јавните детски градинки, 2007), која е втемелена врз стандардите за рано учење и развој кај деца на возраст од 0 до 6 години (Ран детски развој - стандарди за рано учење и развој кај деца од 0 до 6 години, 2008) поставени од страна на Владата на Република Македонија, како дел од стратегијата за развој на образованието на Р. Македонија (Национална програма за развој на образованието во Р. Македонија, 2005-2015). Целта на овој програмиран образовен процес во предучилишното образование и воспитание е да се создаде психофизички здрава и интелектуално развиена единка.