Улогата на музиката во образовниот процес

Authors

  • Larisa Zulina Mitovski

Abstract

Во кривопаланечкото подрачје воспитно-образовната дејност ја вршат две основни училишта и девет нивни подрачни единици, во следниве планински села: Огут, Нерав, Жидилово, Узем, Дурачка Река, Станци, Дубровница, Подржикоњ и Луке. Тоа е состојба на ограничени можности за културен и духовен развој, поради недостаток од библиотеки, театри,концертни сали, музеи, а освен тоа, не секој родител има услови да ги носи децата во поголемите градови каде што има повеќе можности за допир со уметноста. Затоа, улогата на наставникот по музичко образование станува уште позначајна во воспитно-образовниот процес. Под влијание на музиката се формира естетски вкус и ориентациона вредност кон уметничката сцена во светот. Музиката е во функција на развојот на способностите за естетски размислувања и контемплација. Музиката не е само чувство. Во процесот на музичката активност може да се запознаеме со историските епохи и личности, да учиме од најдобрите примери во поезијата, книжевноста, па дури и од некои математички и физички концепти поврзани со звукот, со што ги прошируваме нашите хоризонти на познавањето на светот и себеси.

Downloads

Published

2013-04-15