Наставникот по музичко образование како фактор за успешно изучување на музички инструменти во основните училишта
Abstract
Во современата музикологија голем број научни истражувања се занимаваат со придобивките од изучувањето музички инструменти кај децата од училишна возраст. Заеднички заклучок до кој се доаѓа во сите тие трудови е неопходноста од изучување и свирење музички инструменти од многу рана возраст, како значаен фактор во развојот на позитивните страни на личноста. Тоа се постигнува преку подобрување на концентрацијата,меморијата, самодовербата, интелигенцијата, когнитивните способности, креативната способност, јазичната способност, способноста за читање, социјалната интеракција, дисциплината и работните навики за успешно совладување на содржините во други области (Denora, 2001; Burnham,2003; Kamenov, 1991; Nash, 1974; Marcel-Dubois, 1982; Bunt & Pavlicevic,2001). Сето тоа им помага на децата во нивното успешно позиционирањево училиштето, општеството и воопшто во животот.