Примената на народните инструменти во одделенската и предметната настава
Abstract
Во современите наставни програми по предметот Музичко образование во основните училишта во Република Македонија, сè поголемо место му припаѓа на народното музичко творештво. Како што е познато, свирењето на инструменти, пред сè, орфовите –претставува важен сегмент во современата музичка настава, придонесувајќи за вкупниот развој на музичките способности на учениците. Поаѓајќи од тоа, но и свесни за важноста на подлабокото запознавање со народната музичка традиција, во периодот 2004-2009 година во разни основни училишта во Скопје, спроведовме истражување во вид на експериментална настава со цел – директно запознавање на младите ученици и нивните наставници со нашата инструментална традиција, која сметавме дека може и треба да биде важен сегмент во образованието. Можностите за масовно вклучување на народните инструменти во одделенската и предметната настава во основните училишта кај нас беа испитувани преку експериментална настава, разработена специјално за ова истражување и остварена со одбрани групи на ученици од разни одделенија, односно застапеност на вкупна популација на ученици од IIVIII/III-IX одделение.