Хорот „ПИКОЛО” - Дел од музичкото образование на учениците
Abstract
Огромен е бројот на истражувања и записи во текот на целата историја на музиката за нејзиното позитивното влијание врз човековото живеење и општење. Вниманието посебно е насочено кон влијанието на музиката (започнувајќи уште од пренаталниот период) во развојот на детската личност. Нејзиното практикување и изучување води кон развивање на низа позитивни особини кај децата, најнапред развивајќи ја нивната интелигенција, мотивација, креативност и др. Токму во овој контекст, нашите интереси се насочени кон работата на хорот „Пиколо”. Неговото делување е еден репрезентативен пример за развивање и негување на позитивните особини на детската личност, како дел од музичкото образование на учениците.