Слушањето музика во рамките на музичката настава во средните општообразовни училишта во Република Македонија
Abstract
Средните општообразовни училишта се институции каде што се образува и воспитува популација којашто од аспект на формирање на естетските вредности и музичкиот вкус се наоѓа во својата најчувстителна возраст на средна адолесценција. Според професорот Heiner Gembris, од Институтот за истражување на музичките способности на Универзитетот во Падерборн - Германија, припадниците на оваа возраст (поконкретно -припадниците на возрасната група од 10 до 20 години, бидејќи тој ги користи децениите како основен временски и развоен интервал) се карактеризираат со „...потрага за воспоставување на местото на поединецот во музичката култура“ (Gembris 2002). Во тој период учениците се директно изложени на најразлични (позитивни и негативни) музички влијанија од страна на средината и медиумите, што потоа се одразува и врз формирањето на нивната личност. Имено, тогаш личноста ги гради своите афинитети(меѓу кои и музичките) и го трасира патот на она што подоцна ќе биде предмет на нејзин интерес или посуштински дефинирано - нејзин вкус. А вкусот или, попрецизно - музичкиот вкус, претставува битна компонентана целокупната развиена личност.