Проблем со креативноста
Abstract
Пренесување на искуства во форма на знаења отсекогаш бил значаен дел од традицијата на џез заедницата. Да се биде на сцена со поискусни и подобри музичари од себе останува најдобриот и најквалитетен начин за усовршување во оваа музичка дисциплина. Со пренесување на процесот во училница настануваат проблеми кои се тема на овој краток осврт. Тој се темели врз моето триесетгодишно искуство како инструктор во формален и неформален амбиент, моите искуства за време на студискиот престој во Бостон, неброените разговори на оваа тема со музичари од секаков калибар (малку зачинети со „нова наука“ од други дисциплини)и искуствата од дружбата со големиот автодидакт Драган Ѓаконовски-Шпато.