Влијанието на организираниот педагошки процес врз музикалноста и општиот развој на детето

Authors

  • Emilija Petrova Gjorgjeva

Abstract

Еден од основните белези на еден народ претставува музичката култура која влијае на развојот на условите за живот и го оплеменувачовековото битие. Раното откривање на музикалноста кај децата и педагошкото влијание во развојот на музикалноста претставуваат важен фактор за општиот развој на детската личност. Главната цел на раното стекнување со музичко образование е да ги поттикнува музичко творечките способности кај децата, да создава идни љубители на убавата музика – музиката со уметничка вредност. Организацијата на воспитно-образовната дејност опфаќа низа задачи на музичкото образование за остварување на клучната цел: развивање љубов и интерес кон музиката, запознавање со основите на музичката писменост, информирање за истакнати музички уметници во земјата и во странство, учење на стилови, содржини и карактер на музиката, развивање креативни способности кај младата личност, развивање музички вкуси музичка меморија, формирање творечки способности за прифаќање и доживување на убавото во музичката уметност; формирање чувство,љубов и стремеж за стекнување знаења.

Downloads

Published

2013-04-16