Последниот Беровски чалгаџија

Authors

  • Timko Cicakovski

Abstract

Балканскиот Полуостров е мост и крстопат каде што се сретнуваат најразлични култури и влијанија, кои оставиле трага и до денес, каково материјалната, така и во духовната култура на народите. Гледајќи ја географската положба, отсекогаш тој бил крстосница на разни движења речиси од сите страни на светот и на разните култури што ги носеле со себе(Бицевски, 1980:169). По турското освојување на Цариград, уметностите кои порано биле обединети под византиско потекло, почнуваат да се развиваат по разни патишта. Некои уметници продолжиле да ја негуваат старата традиција, но поголемиот дел од нив морале да се подредат на барањата на освојувачот, бидејќи таму каде што била Византиската Империја, главната улога ќе ја преземе турската и муслиманската уметност. Мелодиските линии почнале да добиваат ориентална боја со вметнување на зголемената секунда како интервал, а се зголемил и бројот на мелизмите (Голабовски, 1979: 187).

Downloads

Published

2013-04-16

Most read articles by the same author(s)