Улогата и значењето на оркестарот на народни инструменти на македонската радио телевизија во одржувањето на сопствената музичка традиција
Abstract
Во генералната презентација на македонската музичка култура,значаен сегмент зазема звучната надградба на македонската традиционална музика. Всушност, оваа музика се темели на постојаната и непресушна инспирација од традиционалниот народен мелос во градењето на сопствениот музички израз. Гледано од историско-социолошки и музиколошки аспект, почетокот на презентирањето и широкото популаризирање на овој музички жанр е комплексна појава тесно поврзана со:
– потребата од негување и претставување на сопствената музичка култура;
– потврдата на сопствениот музички идентитет;
– привлекувањето на една поширока структура на слушатели и
– отворањето на можноста за голем број индивидуалци да се определатза професионално посветување на ова музичко поле.