АСПЕКТИ НА ХАРМОНСКИОТ ЈАЗИК НА ПРВИОТ СТАВ ОД СУИТАТА БР. 2 ОД БАЛЕТОТ „ЛАБИН И ДОЈРАНА“ ОД КОМПОЗИТОРОТ ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ
Abstract
Науката за хармонијата е теориска музичка дисциплина која ги проучува акордите, односите и врските помеѓу нив, разрешувањата, барајќи законитости врз кои во рамките на одреден стил се изградени норми за хармонското мислење. Aналитичката литература посветена на истражување на хармонијата и хармонскиот јазик, мора да се спомене дека го следи континуитетот на хармонскиот музички концепт кој еволуира низ музичката историја. За историјата и создавањето на македонската музичка уметност, анализата на творештвото на македонските композитори е многу значајна. Издвоени се некои аспекти на хармонскиот јазик кои претставуваат услов за поставување на едно музичко дело, за оформувањето на музичката мисла и реализирање на музичкиот тематизам на македонскиот композитор кој оставил траен белег во македонската музичка историја, Трајко Прокопиев. Балетот Лабин и Дојрана го создава 1958 год., како едно од неговите позначајни творечки достигнувања и подоцна ги издвојуваат балетските суити од кои се фокусираме на суитата бр. 2.
Клучни зборови: хармонија, хармонски јазик, Трајко Прокопиев, Лабин и Дојрана, Суита.