Значењето на мотивацијата во музичко воспитно – образовниот процес
Abstract
Мотивација претставува насочување на човечката активност кон одредена посакувана цел со помош на мотиви. Мотивацијата има големо влијание на човековата активност. Интензитетот, активноста, стабилноста, напредувањето на индивидуата во работниот однос во најголем дел зависи од мотивацијата. Мотивацијата има големо влијание во формирање на знаењето, постапката и вештините.
Мотивацијата е теоретски поим кој објаснува, зашто луѓето (животните) избрале начин на однесување во една одредена ситуација, како на пример зошто сакаме повеќе да танцуваме, отколку да работиме, или пак повеќе да седиме отколку да вежбаме. Можеме да претпоставиме дека нашиот организам е неподвижен се додека еден мотив не започне да делува.