Ороводните песни и нивната територијална дистрибуција во македонското традиционално обредно-пејачко изразување

Authors

  • Rodna Velickovska

Abstract

Ороводните песни се посебен вид на магиски практики во кои во основата стои образец на организирано движење (Народное музыкальное творчество 2005: 110).

Македонските ороводни песни во животот на традиционалната селска заедница се тесно поврзани со особеностите на локалните системи на народната обредно-пеачка култура. Пеењето на оро е групно кое одговара на колективниот почеток на традиционалните танци. Нивните основни генетски функции се јавуваат условени од музичкиот ритам и моториката на кореографските движења, а определувањето на кореографската композиција е прицврстена за кореографскиот напев кој никогаш не се менува.

Downloads

Published

2013-09-11

Most read articles by the same author(s)