Орската традиција во село Врбјани – Прилепско поле
Authors
Frosina Marinoska
Abstract
Ората што се забележани од теренските истражувања во селото Врбјани, и кои сè уште се присутни се доказ за богатата орска традиција во Прилепско Поле. Како дел од културното духовно обележје на еден народ, ората заслужуваат посебно внимание кое ќе придонесе за развој на етнокореологијата во Р. Македонија. Единствен извор за добивање информации за ората од Прилепско Поле е видео снимката на браќата Манаки направена во 1905 година. Тие преку примена на визуелниот метод ни даваат слика за изгледот на ората во Прилепско-Битолско Поле за време на соборите.