Поводи и места за играње во етничкиот предел Скопска Црна Гора

  • Elena Trajceva

Abstract

Во северозападниот дел на Скопска Котлина се наоѓа релативно малиот етнички предел Скопска Црна Гора кој го сочинуваат 11 села од јужниот дел на подгорјето на истоимената планина. Населението на оваа пределска целина претставува посебна етничка група со свои изразени етнички особини и специфики во поглед на материјалната и духовната култура изразени преку народната носија, обичаите, начинот на живеење, психичките особини. Според етнокореолошките карактеристики обој етнички предел припаѓа на северното играорно подрачје кое се одликува со мошне специфичен и сложен игрaорен репертоар. Често се случува едно исто оро во различни села да се сретне со различен термин, а има случаи и кога едно оро за кое се користи ист термин да се разликува во поглед на изведувањето, односно структурата на играорниот образец (Јанковић, 1939: 186). Ората се одликуваат со голем број стилски карактеристики, како и со сложеноста на играорните обрасци особено кога станува збор за машките орски игри.

References

Хаџи Васиљевић, Ј. (1930). Скопје и његова околина, историска, етнографска и културно - политичка излагања, Београд

Димовски, М. (1977). Македонски народни ора, Од репертоарот на Националниот ансамбл за народни игри и песни Танец, Институт за фолклор, Скопје

Здравев, Ѓ. (1996). Македонски народни носии 1. Матица Македонска. Скопје

Здравев, Ѓ. (2005). Македонски народни носии. Матица Македонска. Скопје

Јанковић, Љ. и Д. (1938). Народне игре, књига lII. Београд

Јаневски, В. (2010). Главни карактеристики на играорните подрачја, Зборник на трудови ll. Семинар за традиционална музика и игра. Илинденски Денови. Битола

Стојановски, Б. (1994). Љубанци и Скопското Црногорие. Скопје

Јовчев, П. (2000). Раштак фолклорна разгледница. Скопје

Јовчев, П. (1993). Луѓе, години и настани. Скопје

Манџуков, П. ( 2011). Скопска Црна Гора - Битови белешки. Скопје

Петровиħ, А. (1907). Народни живот и обичаји у Скопској Црној Гори. Београд

Published
2013-09-11