Русалиски поворки – сличности и разлики со други поворки
Authors
Olivera Vasik
Abstract
Зимскиот дел од годината, времето од Митровден до Поклади (Прочка) е период кога се актуелни машките обредни поворки во многу краеви од Македонија. Во тоа таканаречено ,,мртво доба,, кога приридата мирува, машките представници на заедницата – представници на таканаречената ,,десна,, напредна страна на заедницата, имаат задача со совите поворки и игри да ја подготват природата, поточно да ја ,,очистат,, од мрачните сили кои во тоа време делуваат, и да му овозможат на сонцето повторно да тргне на својот вообичаен пат.