https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/issue/feed Yearbook - Faculty of Music Art 2019-05-21T12:57:38+00:00 Antonijo Kitanovski antonijo.kitanovski@ugd.edu.mk Open Journal Systems https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2892 ИСТОРИЈАТОТ И РАЗВОЈНИОТ ПАТ НА ГУДАЧКИТЕ ИНСТРУМЕНТИ: ВИОЛОНЧЕЛО И КОНТРАБАС (2) 2019-05-21T12:43:20+00:00 Stefanija Leskova-Zelenkovska stefanija.zelenkovska@ugd.edu.mk Valentina Velkovska-Trajanovska valentina.trajanovska@ugd.edu.mk
Во овој текст се осврнуваме на гудачките инструменти виолончело и контрабас. Основната функција на виолончелото е да ја изведе басовата линија (хармонските прогресии и педалните тонови), самостојно или во октава (ретко и унисоно). Дури романтичарите во полна мера го употребуваат виолончелото како мелодиски инструмент и во оркестарот му даваат истакнато место. Генерално, во современата музика токму поради специфичниот романтичарски призвук виолончелото ретко се користи со мелодиски делници, а повеќе како дел од оркестарската звучност. Контрабасот, како инструмент од групата генерал-бас, долго време има второстепена улога, токму поради тоа што се користи редовно удвоен со виолончелата. Тесната поврзаност на виолончелото и контрабасот во оркестарската примена се задржала сè до 19-тиот век. Меѓу првите композитори кои му дале значајна улога на виолончелото во оркестарот со нивно разделување од делницата на контрабасот е Лудвиг ван Бетовен (Трета симфонија – Ероика).

Клучни зборови: гудачки инструменти, виолончело, контрабас, историјат.
2019-05-14T12:01:52+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2894 ПОЛИФОНИЈАТА ВО КОМПОЗИЦИЈАТА ДОЈДОВМЕ ЗА МЕШАН ХОР ОД ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ 2019-05-21T12:41:05+00:00 Tihomir Jovik tihojovik@yahoo.com
Томислав Зографски (Велес, 29.3.1934 -14.1.2000, Скопје) е една од најмаркантните личности во македонската музичка култура. Со својот обемен и разновиден опус (146 дела), во кој се содржани речиси сите форми и жанрови на класичната музика, како и со плодната општествено-педагошка дејност, Зографски остава значаен белег во македонската музичка историја. Тој е еден од првите композитори коj во македонската музика ги внесува карактеристиките својствени за неокласицизмот, што воедно претставува негова доминантна стилска определба. Целта на овој труд е да го образложи пристапот на авторот кон реализацијата на композицијата Дојдовме, оп. 95, за мешан хор (1980/1981). Преку квалитативниот инструмент анализа, првенствено ќе бидат разгледани следните компоненти: слог и фактура, видот, начинот и обемот на примена на полифониот слог како принцип на организација на музичката материја, формална структура, вертикални структури и сл.

Клучни зборови: Томислав Зографски, полифонија, имитација, фрагментарност, фактура.
2019-05-14T00:00:00+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2895 УПОТРЕБА НА ФОЛКЛОРНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ И УМЕТНИЧКАТА ТРАНСПОЗИЦИЈА НА ФОЛКЛОРОТ ВО ВТОРИОТ СТАВ „ЛАМЕНТОЗО“ ОД СИМФОНИЈАТА БРОЈ 5, НА КОМПОЗИТОРОТ ТОМА ПРОШЕВ 2019-05-21T12:42:03+00:00 Goce Gavrilovski goce.gavrilovski@ugd.edu.mk
Вториот став „Ламентозо“ од Симфонијата бр. 5 на композиторот Тома Прошев содржи цитирана и обработена народна тема „Црна се чума зададе“, во која при нејзината стилизација, одредени фолклорни елементи се полесно препознатливи, некои составни елементи и мотиви наликуваат на оригиналната народна песна, додека други само наговестуваат или содржат фолклорни идиоми. Во трудот ќе се издвојат покарактеристични места низ текот од делото, со објаснување за присутноста и употребата на фолклорните елементи во ставот и нивните особености изразени од аспект на: тембар, фактура и оркестрација како и функција на употребените музички инструменти дадени во примерите од партитурата на делото.

Клучни зборови: уметничка транспозиција, современо творештво, музички фолклор
2019-05-14T12:57:55+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2896 ДРАМАТУРГИЈА И НЕЈЗИНИОТ РАЗВОЈ НИЗ ОСОБЕНОСТИТЕ НА МУЗИЧКИТЕ И ВОНМУЗИЧКИТЕ ИЗРАЗНИ СРЕДСТВА ВО КОМПОЗИЦИЈАТА МАКЕДОНСКО ОРО ЗА МЕШАН ХОР ОД КОМПОЗИТОРОТ ТОДОР СКАЛОВСКИ 2019-05-21T12:44:01+00:00 Ivana Jankov ivana.jankov@ugd.edu.mk
Трудот е напишан како своевиден модел за диригентовиот студиозен пристап кон проучување на хорската партитура. За проучување/анализа е земена една од најпознатите и најизведуваните хорски композиции од македонски композитори во цел свет Македонско оро од Тодор Скаловски. На почетокот на анализата се открива инспирација, како појдовна точка за создавање на делото. Потоа следува дефинирање на музички и немузички изразни средства кои се заслужни за градењето на драматуршкиот тек. Следниот чекор претставува дефиниција на нивните особености во делото, со акцент на неколку клучни моменти кои се поткрепени со нотните примери. Низ особеностите на музичките изразни средства, се провлекува нит за употреба на техники и начини на компонирање карактеристични за некои историски музички епохи. Основна цел на трудот претставува анализа на движење на музичките и вонмузички параметри во одредени клучни моменти од делото, што е важно за диригентот и неговата успешна изведба на делото.

Клучни зборови: Македонско оро, Т.Скаловски, драматургија, мешан хор, изразни средства.
2019-05-15T10:20:51+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2897 АСПЕКТИ НА ХАРМОНСКИОТ ЈАЗИК НА ПРВИОТ СТАВ ОД СУИТАТА БР. 2 ОД БАЛЕТОТ „ЛАБИН И ДОЈРАНА“ ОД КОМПОЗИТОРОТ ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ 2019-05-21T12:02:57+00:00 Zoran Nastov zoran.nastov@gmail.com
Науката за хармонијата е теориска музичка дисциплина која ги проучува акордите, односите и врските помеѓу нив, разрешувањата, барајќи законитости врз кои во рамките на одреден стил се изградени норми за хармонското мислење. Aналитичката литература посветена на истражување на хармонијата и хармонскиот јазик, мора да се спомене дека го следи континуитетот на хармонскиот музички концепт кој еволуира низ музичката историја. За историјата и создавањето на македонската музичка уметност, анализата на творештвото на македонските композитори е многу значајна. Издвоени се некои аспекти на хармонскиот јазик кои претставуваат услов за поставување на едно музичко дело, за оформувањето на музичката мисла и реализирање на музичкиот тематизам на македонскиот композитор кој оставил траен белег во македонската музичка историја, Трајко Прокопиев. Балетот Лабин и Дојрана го создава 1958 год., како едно од неговите позначајни творечки достигнувања и подоцна ги издвојуваат балетските суити од кои се фокусираме на суитата бр. 2.

Клучни зборови: хармонија, хармонски јазик, Трајко Прокопиев, Лабин и Дојрана, Суита.
2019-05-15T10:25:23+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2898 ПАВЛИНА АПОСТОЛОВА – ИНТЕРПРЕТАТОР НА 40 УЛОГИ НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРСКА СЦЕНА 2019-05-21T12:45:59+00:00 Aleksandar Trajkovski aleksandar23mk@yahoo.com
Во текот на својата триесет и петгодишна уметничка кариера, првенката на Македонската опера Павлина Апостолова има реализирано вкупно 40 оперски улоги, од кои најголемиот дел се главни сопрански делници во носечкиот репертоар на нашата национална оперска куќа. За нејзина животна улога се смета улогата на Виолета Валери во Вердиевата „Травијата“, која ја има толкувано преку 100 пати, а покрај неа, голем печат остава интерпретирајќи ги и Чо-Чо-Сан во „Мадам Батерфлај“, Мизета во „Боеми“, Розина во „Севилскиот берберин“, Џилда во „Риголето“ итн. Во првата половина од изминатава година, непосредно пред својот 91-ви роденден, Павлина Апостолова засекогаш го напушти овој свет, оставајќи ги спомените за својата богата и плодна уметничка кариера. По тој повод, овој текст има за цел да направи краток осврт на нејзините оперски улоги.

Клучни зборови: Павлина Апостолова, опера, улоги
2019-05-21T10:23:31+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2899 КОНТЕКСТОТ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА МУЗИЧКО ДОЖИВУВАЊЕ 2019-05-21T12:47:08+00:00 Dunja Ivanova dunjapiano@yahoo.com
Динамичното секојдневие и бурата од обврски го задолжуваат човекот да трча по времето. Во сета таа брканица, спонтаноста стана преценета. Оттаму и желбата да се оствари врска со уметноста е во голeма мера зависна од она малку слободно време кое човекот е подготвен да го одвои за ваква „авантура“. Зошто човекот, наместо да турка напред и со слободен дух да посегнува по она што денес е лесно достапно со помош на технологијата, е заглавен во конвенционалните правила, па во уметноста гледа средство за смирување и релаксација. Во текот на еден ден, човекот има бескрајни можности да оствари барем една врска со било каква форма на изразување која задоволува одредени естетски критериуми. Сепак, воочлива е потребата од шаблон за следење на еден музички концерт, на пример. Прецизно време, место, програма, начин на однесување, па дури и начин на облекување значи наредба до слушателот која вели: ,,Сега можеш да забележуваш уметност!“

Клучни зборови: слободно време, уметност, музичко доживување.
2019-05-15T10:33:54+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2900 МУЗИЧКА ПИЈАНО ТЕРАПИЈА: СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ СО ПОЧЕТНИК ПО ПИЈАНО НА 9-ГОДИШНА ВОЗРАСТ 2019-05-21T12:48:05+00:00 Milica Skarik milica.skarik@ugd.edu.mk Elena Efremova efremova-elena@hotmail.com
Во државните музички училишта во Р Македонија исклучително ретко може да се сретнат ученици кои покрај музичкиот мотив, посетуваат настава по инструмент и од медицински причини по лекарска препорака. Во овој труд е претставен случајот на 9-годишен почетник на кој му составивме вежби по пијано за развивање и подобрување на прстната моторика во левата рака. По неколку месеци вежбање, констатиравме мали подобрувања во движењата на прстите кај ученикот.

Клучни зборови: музичка терапија, пијано, вежби, прстна моторика, лева рака.
2019-05-15T10:38:51+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2901 ФОРМА, ОРНАМЕНТИКА, АРТИКУЛАЦИЈА И ДИНАМИКА КАЈ ИЗБРАНИ СОНАТИ ОД ДОМЕНИКО ЧИМАРОЗА 2019-05-21T12:48:42+00:00 Bisera Ivanova bisera.ivanova@ugd.edu.mk
Стилските и интерпретациските аспекти ја претставуваат суштината на музичкото дело. Во нив спаѓаат формата, орнаментиката, артикулацијата, динамиката, прсторедот, темпото и сл. Нивната анализа придонесува за навлегување во структурата на музичкото дело, воочување на градбата и главните карактеристики, што доведува до поавтентична изведба. Во овој труд се дадени анализите на формата, орнаментиката, ариткулацијата и динамиката на избрани 24 сонати од Доменико Чимароза.

Клучни зборови: соната, форма, орнаментика, артикулација, динамика.
2019-05-15T10:41:45+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2902 КОНЦЕРТ ЗА ПИЈАНО И ОРКЕСТАР БР. 2 ОП. 21 ВО ЕФ-МОЛ ОД ФРЕДЕРИК ШОПЕН 2019-05-21T12:49:21+00:00 Petre Sterjov ster_petre@yahoo.com
Често именуван под името „поет на пијаното“, една од најмаркантните личности во историјата на пијанизмот, полскиот композитор Фредерик Шопен (1810 – 1849), напишал два концерти за пијано и оркестар во текот на својот краток живот. Концертот бр. 2 оп. 21 е всушност хронолошки првиот негов напишан концерт. Редоследот на издавањето прави од него да биде запишан во историјата како втор. Овој концерт станува појдовна точка за поимот „Романтичарски концерт“, заедно со концертот во а-мол од Р. Шуман и концертот во ге-мол од Ф. Менделсон.

Клучни зборови: Шопен, концерт бр. 2, пијано, романтизам, стил.
2019-05-15T10:48:27+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2903 МУЗИКАТА НА ФИЛИП ГЛАС, МИНИМАЛИЗМОТ И ТИРОЛСКИОТ КОНЦЕРТ ЗА ПИЈАНО И ОРЕКЕСТАР 2019-05-21T12:49:58+00:00 Petar Trbojevik trbojevik@yahoo.com
Филип Глас претставува основоположник на минимализмот во музиката во 1960-тите години кој се карактеризира со специфичната употреба на изразните средства во музиката, односно со поедноставувањето на истите. Меѓутоа, во средината на 70-тите Глас го менува стилот и начинот на компонирање, оди кон покомплексни и оддалечени фрази и хармонии од стилот. Академската јавност, музиката од поновиот негов опус сѐ уште ја смета за минималистичка и сложена за интерпретација. За концертот за пијано и оркестар бр. 1 (Тирол концерт) постојат податоци дека е компониран по нарачка, гледајќи по автентичноста на ритмот и мелодијата, на основа на Тиролска фолклорна песна, но доколку би се слушнала музиката во филмот The Truman show (1998) каде првпат ја изложува главната тема која всушност се провлекува и во Концертот бр. 1, би ја сфатиле оригиналноста. Мелодијата е едноставна, се состои од повторувачки структурна и хармонската рамка, која во за основа има површни варијации преку мелодични и ритмички промени. Трансформациската кохерентност во функционалната структура е неопходна компонента на хармоничната содржина на движењето. Концертот бр. 3 за пијано и оркестар, ги содржи сите музички изрази и карактеристики од целиот творечки опус и стилски периоди на композиторот, вклучувајќи го минимализмот како основа, но и нови композициски техники кои во претходните дела не се забележани.

Клучни зборови: Филип Глас, Тиролски концерт, минимализам.
2019-05-15T10:56:45+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2904 ВЛИЈАНИЕТО НА ПЕЕЊЕТО ВО ХОР ВРЗ КОГНИТИВНОТО И ЕМОЦИОНАЛНОТО СПОЗНАВАЊЕ НА ДЕЦАТА 2019-05-21T12:50:42+00:00 Ivana Milosevik ivana44yu@gmail.com
Групното или хорско пеење кај децата претставува активност што истовремено влијае врз развивањето на нивните музички и когнитивни способности. Оваа музичка активност придонесува за поттикнување и подобрување на социјалните вештини, работните навики, чувството за самодисциплина и тимска работа, самопочитувањето, емоционалното изразување и сл. Пеењето во хор е идеaлно за деца што имат тешкотии со учењето бидејќи претставува своевиден мемориски тренинг. Од тие причини подолго време во светски размери постои интенција за социјална инклузија на децата преку музика во различни форми и начини за усвојување на нови знаења и искуства. Инсистирањето на групно музицирање, особено хорското пеење позитивно влијае врз многу аспекти во емотивниот и во психичкиот развој на децата во текот на нивното образовние.

Клучни зборови: музика, хор, пеење, емоционални, когнитивни придобивки.
2019-05-15T11:00:36+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2905 УЛОГАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ТЕОРИИТЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА 2019-05-21T12:51:04+00:00 Lidija Jordanova lidija.jordanova@ugd.edu.mk
Со изборот на училиштето и идната професијa, младите луѓе го пронаоѓаат своето место и улога во општеството. За нив овоj избор претставува големо животно искуство и има суштинско значење во текот на нивниот понатамошен живот. Да се донесе вистинска одлука за продолжување на образованието е навистина тешко и често знае да ги надмине можностите на самиот поединец. Oсновното и средното училиште влијаат врз професионалниот развој и изборот на занимањето на ученикот преку програмските содржини на редовната настава, програмата за воннаставните активности и програмата зa професионалната ориентација.Училиштето зазема важна улога во реализирањето на целите на образовниот процес во рамките на современиот концепт, заснован на новите теории за професионалната ориентација, техничко-технолошките промени и различните сфаќања на односите кои постојат меѓу образованието, вработувањето и работата.

Клучни зборови: професионална ориентација, теории на професионалната ориентација.
2019-05-15T00:00:00+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2906 ФАРИЗ ХАЈРУЛА – ЗУРЛАЏИЈА И ИЗРАБОТУВАЧ НА „КАБА“ ЗУРЛИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА 2019-05-21T12:51:33+00:00 Goranco Angelov goranco.angelov@ugd.edu.mk
Каба зурлата како вид зурла кој е застапен во Р Македонија се споменува во публикации објавувани во минатото, но без некое посебно опишување на нејзините ерголошки карактеристики кои што всушност овој вид зурла ја прават поразлична од останатите зурли. Овој вид зурлa е присутна во одредени региони уште одамна и успеала да се задржи до денес поради што сметаме дека заслужува да ѝ се посвети едно внимание преку кое ќе се нагласат нејзините ерголошки и музички особености. Во досега објавените публикации кои ја опфаќаат и зурлата во денешна Р Македонија, каба зурлата ја препознаваме кај оние видови зурли кои припаѓаат во групата големи зурли. Во овие публикации не наидовме на нагласување на нејзината различност од останатите видови зурли кои се употребувале, а некои и денес се употребуваат во делови на Р Македонија. Во овој труд ќе направиме мал преглед на видовите зурли во Р Македонија со акцент на каба зурлата и нејзината распространетост, а ќе направиме претставување и на единствениот изработувач на каба зурли во Р Македонија, Фариз Хајрула од Тетово, како и на од него применетите технологии во процесот на изработување на каба зурлата.

Клучни зборови: зурли, голема зурла, каба зурла, изработување, материјали.
2019-05-15T11:08:08+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2907 МАШКИ ОБРЕДНИ ПОВОРКИ ВО МАКЕДОНСКАТА ЕТНОКОРЕОЛОШКА КЛАСИФИКАЦИЈА 2019-05-21T12:52:18+00:00 Vladimir Janevski vladimir.janevski@ugd.edu.mk
Текстот укажува за машките обредни поворки во македонската етнокореолошка класификација. Со одредени примери, се дава објаснување за маскираните поворки, Русалиите и Кумовите и нивните главни карактеристики, етничките поставености и обредните обележја.

Клучни зборови: Машки обредни поворки, маскирани поворки, русалии, кумови, етнокореологија.
2019-05-15T00:00:00+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2908 КРАТОК ОСВРТ НА ОРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ РАДОВИШКО ПОЛЕ 2019-05-21T12:52:42+00:00 Stojance Kostov stole_kostov88@yahoo.com
Текстот ќе понуди кратка анализа на орската традиција во етничкиот предел Радовишко Поле. Резултатите од анализата која е направена, произлегуваат од литературни извори во врска со етнокореолошките карактеристики на најзастапените орски примери од споменатиот предел, видеозаписи со етнокореолошка содржина кои датираат од седумдесеттите години на XX век, архивски материјали од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, како и сопствени теренски истражувања.

Клучни зборови: орска традиција, етнокореолошки карактеристики, репертоар, типови на ора, игроорен образец.
2019-05-15T11:17:07+00:00 Copyright (c) 2018 Yearbook - Faculty of Music Art https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2909 ИСТОРИСКИ АСПЕКТИ НА КИНЕТОГРАФИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА 2019-05-21T12:53:11+00:00 Hristijan Nikolovski hristijan_nik@hotmail.com
Во овој текст станува збор за кинетографијата и кинетографските записи во Македонија разгледувани од историски аспект. Дадена е јасна хронологија на кинетографијата во Македонија од почетокот на XX век со појавата на првите кинетографски записи сѐ до ден денес.

Клучни зборови: кинетографија, кинетографски записи, традиционални ора.
2019-05-15T00:00:00+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2910 ЕТНОКОРЕОЛОШКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОРАТА ВО РАДОВИШКОТО СЕЛО ГАБРЕВЦИ 2019-05-21T12:53:38+00:00 Silvester Prole dmbuc.sprole@gmail.com
Орото е нераскинлив дел од синкретизмот, кој заедно со останатите нематеријални културни вредности ја збогатуваат ризницата на богатиот македонски фолклор кој на многумина е инспирација за создавање нови уметнички дела. Истражувањата и релевантните податоци на досегашните истражувачи ни помагаат да дојдеме до нови сознанија за орската традиција во Македонија.

Клучни зборови: регионална етнологија, стилски карактеристики, етнокореолошки карактеристики, Кукуригу петле.
2019-05-15T11:27:00+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2911 47 ГОДИНИ РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ – БИТОЛА (1971 – 2018) 2019-05-21T12:54:08+00:00 Ljupka Stefanovska ljupka.stefanovska@yahoo.com
Во оваа тема ќе зборуваме за еден од најстарите фолклорни фестивали на народни игри и песни во државата, „Илинденски денови“ – Битола. По згаснувањето на двата фолклорни фестивали, формирани по Втората светска војна на 11 Октомври 1947 година, од група ентузијасти се создава и формира нова фестивалска сцена за презентирање на повеќе музичко-фолклорни специфики и различности. На тој начин се ревитализира традицијата и архивира нашето културно наследство, со навраќање кон минатото и оживување на целата традиција. Сето тоа живее и се оживува до ден денес, како доказ за неисцрпноста и огромниот извор на нашата културна, музичка, игроорна и песнопојна традиција.

Клучни зборови: фестивал, формирање, развој, институционална трансформација, семакедонски, мултикултурен и интернационален фестивал.
2019-05-15T11:30:01+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2912 ИВАНДЕНСКИTE ЖЕНСКИ ОБРЕДНИ ПОВОРКИ ВО ПРИЛЕПСКО-БИТОЛСКО ПОЛЕ И ЖЕЛЕЗНИК 2019-05-21T12:55:05+00:00 Goran Vasileski vasileski.goran@gmail.com
Во овој труд ќе стане збор за женските обредни поворки кои се реализираат на празникот Раѓање на Свети Јован Крстител, односно Иванден (07.07.). Иако и на други места се среќаваат овие обредни поворки, сепак, тука повеќе внимание ќе се даде на женските поворки во пределите Прилепско Поле, Битолско Поле (или Прилепско-битолско Поле како една целина) и Железник. Овие предели не се случајно ставени во една група. Иванденските женски обредни поворки од овие предели се доста слични и наликуваат едни на други, но ќе бидат идентификувани и меѓусебните разлики.

Клучни зборови: Иванден, Св. Јован Крстител, обреди, обредни песни, Прилеп, Битолско Поле.
2019-05-15T11:32:54+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2913 ОРОВОДНАТА ПЕЈАЧКА ТРАДИЦИЈА ВО ПРЕДЕЛОТ ДУРАЧКА РЕКА 2019-05-21T12:55:30+00:00 Tijana Janevska tijana_jan@hotmail.com
Ороводната пејачка традиција во етничкиот предел Дурачка Река како дел од животот на луѓето. Ороводните песни се дел од обредната традиција, како и дел од секојдневието на луѓето. Карактеристично е што и самиот поим ни укажува на синкретизам помеѓу песната и орото. Најчесто се изведуваат за празнични пригоди, но може да бидат и од забавен карактер. Игрoорниот образец е секогаш од типот на орото Лесното или со едноставни синхронизирани движења. Песните можат да бидат едногласни или двогласни, а начинот на изведба е најчесто антифоно во групи.

Клучни зборови: етнографска поставеност, ороводна песна, структура на игроорен образец, начин на изведба, антрополошка позиција, функција, примена, инструментална придружба.
2019-05-15T11:35:53+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2914 ФИЛМУВАНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБРЕДОТ ЛАЗАРКИ ОД ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ ДОЛНИ ПОЛОГ 2019-05-21T12:55:55+00:00 Bojan Petkovski bpetkovski40@yahoo.com
Тема на овој труд ќе биде процесот на снимање на реконструкција на обичај. Како пример ќе послужи снимањето на филм од овој тип кој за своја тематика ги има Лазарските обредни поворки од етничкиот предел Долни Полог. Поради комплексноста на севкупниот процес на изработка на филм од овој тип, истиот ќе биде проследен низ неколку фази и потфази. На самиот почеток процесот на работа беше поделен на две основни фази и тоа: прва фаза – истражувачка работа и втора фаза – практична (теренска работа). Како потфази се јавуваат консултирана стручна литература и теренски истражувања дел од првата фаза и избор на локации, традиционални носии, изработка на сценарио и проби со учесници како потфази на втората фаза. Клучни зборови: филм, реконструкција, обред, процес, фази, Лазарки, Долни Полог.
2019-05-15T11:43:58+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2915 ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ОБРЕДНИ ИГРИ ОД ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ ПОРЕЧЕ И НИВНИТЕ ЕТНОКОРЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ 2019-05-21T12:56:33+00:00 Deni Sinadonovski denisinadinovski92@gmail.com
Во овој труд ќе се зборува за велигденските празнувања во етничкиот предел Порече, односно за велигденските игри кои се изведуваат на третиот ден Велигден. Ќе се споментат и авторите кои истражувале за истите и ќе се даде опис на оние игри кои содржат игрoорен образец, поточно ќе се наведат нивните етнокореолошки карактеристики.

Клучни зборови: обред, обичај, Велигден, обредна игра, автори, традиционална култура
2019-05-15T11:46:53+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2916 ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ДРАГАН ЃАКОНОВСКИ – ШПАТО 2019-05-21T12:57:01+00:00 Ivo Soldatovic ivosoldatovic@hotmail.com
Драган Ѓаконовски – Шпато спаѓа меѓу најмаркантните и најзначајните имиња во македонската забавна и џез-музика. Се појавил пред крајот на четириeсеттите и почетокот на педесeттите години на минатиот век, во време кога на нашата музичка сцена ѝ бил потребен токму ваков музички профил. Како исклучително талентиран, голем вљубеник во музиката и безграничен ентузијаст, без можност да стекне формално образование за стиловите што го привлекувале од најраната младост, но доволно музички писмен и „наоружан“ со својот совршен музички слух, Ѓаконовски, морал да тргне по најтешкиот пат кон откривањето на бескрајните тајни на компонирањето, аранжирањето и оркестрацијата. Слушајќи ги најголемите светски мајстори и симнувајќи ги нивните дела на нотна хартија, тој ги откривал правилата и законитостите на тие музички жанрови, истовремено изградувајки ја на тој начин и својата творечка личност која се одликува со оригиналност, естетика, инвентивност и изведувачкото мајсторство. Како диригент, аранжер и композитор, извршил силно влијание поттикнувајќи го и забрзувајќи го процесот на афирмацијата на македонската популарна музика. Тој е најзначајната фигура во македонската популарна музика, музичар со голема енергија, со вроден инстинкт –вистинска музичка легенда.

Клучни зборови: Драган Ѓаконовски – Шпато, живот, музички опус.
2019-05-15T11:49:34+00:00 Copyright (c) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2917 МУЗИКАТА НА ЧИК КОРЕА 2019-05-21T12:57:38+00:00 Miroslav Milkovski miroslav.tamara@hotmail.com
Целта на секој научно-уметнички труд би морала да биде помалку или повеќе стандардна: да се дојде до објективни сознанија за квалитетот како на (во случајов) одбраниот репертоар, така и на генералниот квалитет на авторовиот опус, преку анализа на истиот. Стандардна претпоставка, кога се работи за високореномиран автор, е дека самиот одбран репертоар би требало да претставува воедно и репрезентативен примерок и покрај тоа што е мал во квантитативна смисла, бидејќи квалитативни амплитуди во опусот сами по себе негативно би влијаеле врз реномето на авторот. Со други зборови, од реномиран автор се очекува барем стандарден (ако не висок или највисок) квалитет, што во пракса значи дека малиот примерок (5 композиции) сепак најверојатно ќе е репрезентативен. Во овој контекст, ќе направиме анализа и образложение на практичниот дел од уметничко-стручниот труд на Чик Кореа.

Клучни зборови: анализа, композиции, Чик Кореа.
2019-05-15T11:52:24+00:00 Copyright (c)