Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS
The Faculty of Tourism and Business Logistics at the Goce Delcev University of Stip invites you to participate with your papers at the International Scientific Conference "Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century". We invite all researchers to participate in sharing experiences and ideas on various topics (contemporary trends in tourism, hospitality and gastronomy, marketing and promotion, tourism and hotel management, cartography and spatial planning, microeconomics and macroeconomics, contemporary trends in logistics, business, management, finance, public administration, women and entrepreneurship, etc.).

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Ве поканува да учествувате со Ваши трудови на Меѓународнаta научна конференција „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век“.Ги покануваме сите научни работници и истражувачи да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни теми (современи трендови во туризмот, хотелиерство и гастрономија, маркетинг и промоција, туристички и хотелски менаџмент, картографија и просторно планирање, микроекономија и макроекономија, современи трендови во логистиката, бизнис, менаџмент, финансии, јавна администрација, жените и претприемништвото итн.).
en-US cvetanka.ristova@ugd.edu.mk (Cvetanka Ristova Maglovska) cvetanka.ristova@ugd.edu.mk (Cvetanka Ristova) Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 OJS 3.1.2.4 http://blogs.law.harvard.edu/tech/rss 60 ECONOMICS OF NETWORKS AS APPLIED TO SOCIAL CHOICE MODEL OF LEVEL OF EDUCATION, SOCIAL DISTANCE, NEWS VERACITY AND PROSPECT THEORY AND A NOTE ON WARDROP EQUILIBRIUM AND BRAESS PARADOX https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6686
This paper investigates Barabási–Albert (BA) and Erdős-Rényi model and preferential attachment in different settings: social choice and social distance, news veracity and networks, Prospect theory with social choice, and Wardrop equilibrium with Braess paradox. News veracity is higher in Erdős-Rényi graph vs Barabási–Albert (BA), in the Erdős-Rényi graph spread of misinformation is higher than in the model with hubs (influential nodes). In the average social distance and education level model there
is higher news veracity between most educated individuals (PhD’s) more when two nodes have less than highest education. Probability of news being true (news veracity) is lowest for PhD’s but gaslighting (probability of perception of being gaslighted) is highest. With a degree centrality included nodes (individuals) with lower level of education perceive higher new veracity. Price of Anarchy (PoA) is higher in Erdős-Rényi (ER) versus Barabási–Albert graph. With Prospect theory in news veracity network gain and loss lines are further way on the left from reference point, with a letter being more to left. Congestion in the market for news makes more and more agents further away from equilibrium state.
Dushko Josheski, Aneta Ristoska-Jankuloska, Aleksandra Zhezhova Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6686 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 МЕРЕН СИСТЕМ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6687
Истражувањето во овој труд има за цел да понуди нов модел зa оценување на успехот од проектираниот и имплементиран систем по тотален менаџмент на квалитет (ТМК). Раководството на организациите мора да биде информирано и да знае колку се троши за квалитетот, каде се јавуваат овие трошоци, која е целта на истите и како квалитетот влијае врз профитабилноста на компанијата. Овие информации му помагаат на менаџментот да ги насочи своите активности кон елиминирање на критичните изворни причини. Проектирањето систем за мерење овозможува системски пристап кон добиените резултати, односно анализа и откривање на критичните места, утврдување на загубите, барање на решенија за проблемите и нивна успешна имплементација. Мониторингот не навлегува само во квалитетот на производите/ услугите, туку и во адекватноста на целиот ТМК систем во спроведувањето на функциите на квалитетот. Усвојување и имплементација на оваа методологија може да доведе до унапредување на деловните процеси, сè со цел да се остварат што е можно повисоки деловни  резултати на задоволство на сите заинтересирани страни.
Elizabeta Mitreva Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6687 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 OVERVIEW OF THE FINANCIAL SYSTEM IN NORTH MACEDONIA https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6657
The financial sector in N. Macedonia is composed of deposit and non-deposit financial institutions. The banking sector is dominant in the financial system, while the participation of the other institutions is relatively lower. Although the total assets of the deposit institutions were 86.4% in 2022, these institutions faced declining trend in their assets throughout the past several years. In 2022 the total assets of the non-deposit institutions were 20.8%, however, with an increasing trend in the past several years. The obligatory pension funds have contributed mostly to the total growth of the assets of the non-deposit financial institutions. Therefore, considering the current dominant role of the banks and the upcoming importance of the non-deposit financial institutions, the aim of this paper is to deeply analyze the structure оf the total assets of separate deposit and non-deposit financial institutions in the financial sector of N. Macedonia.
Mila Mitreva, Ljupco Davcev, Marija Gogova Samonikov Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6657 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ ЗА ДЕЛОВЕН РАЗВОЈ: ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРЕДИЗВИКОТ ВО МОЖНОСТ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6658
Во денешниот глобализиран свет, бизнисот брзо се развива доколку владеат иновациите и приспособливоста. За таа цел, нагласено значајна е улогата на претприемачките вештини во поттикнувањето на успешен деловен развој. Уште во минатите  децении, се потврди дека претприемништвото не само што го олеснува започнувањето на нови бизниси, туку и претставува катализатор за иновации, технолошки напредок и економска стабилност.

Соочувајќи се со постојаните промени во глобалната пазарна динамика, претприемачите треба да развијат исклучителни вештини за да можат да се прилагодат на новите услови, да се развуваат и да просперираат. Затоа, анализата на претприемачките вештини станува важен аспект во разбирањето на факторите кои ги обликуваат успешните претприемачи и компании. Овој труд има за цел да истражи и анализира различни аспекти на претприемачките вештини и нивното влијание врз деловниот развој. Преку теоретско дескриптивен метод трудот ќе ги прикаже совремните модели на претприемнички вештини кои ги трансформираат предизвиците во можности.
Marija Magdincheva Shopova, Aneta Stojanovska Stefanova, Kristina Komnenovik Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6658 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО – ПРЕДИЗВИК, МОЖНОСТ, ФЕМИНИЗАМ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6688
Овој труд го анализира значењето на женското претприемништво како важен двигател на економијата, потпирајќи се на способностите, креативноста и претприемачкиот дух на жената. Согледувајќи ги жените претприемачки кои носат иновации во деловниот свет, де факто дава право да ја потврдиме вредноста од аспект на создавање нови работни места, а со тоа и економски раст. Целтта на овој труд е да ја акцентира оваа улога, да го промовира женското претприемништво од локално, па се до глобално ниво. Користејќи соодветна методологија и обработка на најнови податоци, трудот ги потврдува придобивките од женското  петприемништво и дава препораки за потребните реформи кои треба да произлезат од владата, бизнис заедницата и општеството како целина.
Mimoza Serafimova, Ruzica Nikolova Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6688 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 APPLICATION OF QUALITY MANAGEMENT AS AN ADVANTAGE IN TOURISM IN MACEDONIA https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6689
Quality management in tourism plays a critical role in ensuring customer satisfaction and long-term success of tourism operations. In tourism, quality is a key factor for competitiveness and maintaining customer loyalty. Starting from the importance of treating this problem, this paper investigates the fastest possible application of quality management in tourism to ensure high quality of services, and thus improved tourist experiences and repeat visits. By processing data and using world databases, this paper offers a comparative analysis, but also shows that the application of quality management is weaker. Therefore, the paper gives recommendations that every tourism company should implement QM, if the company wants positive results from its operations, growth of its revenues in the long term by improving operational effectiveness and resource management
Drasko Atanasoski, Ruzica Nikolova Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6689 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И ДЕМОКРАТИЈАТА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6659
Во секоја држава во меѓународната заедница креирањето на јавното мислење зазема значајно место. Властодршците, во зависност од степенот на демократијата, во зависност од политичкиот систем и уставното уредување, сите на свој начин тежнеат кон обезбедување на наклоноста на јавното мислење, со цел подолго и посигурно да владеат. Во трудот преку теоретско-дескриптивниот метод ќе ја истражиме улогата на јавното мислење како инструмент за непосредна демократија, ќе ги разгледаме манифестациите на неговите влијанија во зависност од политичките системи, улогата на медиумите и значењето и ефективноста во оформувањето на политичките процеси како и предизвиците во ера на дигитализација. Трудот ќе ја претстави и слободата на медиумите и значајната улога која ја имаат во обликувањето и дистрибуцијата на информации, а со тоа и во креирањето на јавното мислење и развивањето можности за подобрување на комуникацијата.
Aneta Stojanovska Stefanova, Marija Magdincheva Shopova Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6659 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 РАЗВОЈНА КОМПОНЕНТА НА БУЏЕТОТ НА РСМ- МОЖНОСТИ ЗA ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6690
Буџетот на РСМ треба да обезбеди услови за забрзан и одржлив економски развој, фискална консолидација и зацврстување на фискалната одржливост, како и забрзување на европските интеграции на РСМ кон ЕУ. Во последните години забележливо е дека буџетските трошоци растат со побрзо темпо во однос на буџетските приходи со што се зголемува буџетскиот дефицит, а сето ова води кон зголемување на државниот и јавниот долг. Потребна е фискална консолидација на буџетот преку зголемена контрола на наплатата на приходите и трошењата на државните пари. Потребно е да се намали неформалната економија и да се спречи корупцијата. Макроекономската стабилност може да се постигне само преку оптимизирање на буџетската структура, преку зголемено учество на капиталните расходи во вкупните буџетски расходи. Потребно е да зголемат капиталните инвестиции во инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, во здравствениот, образовниот и социјалниот систем. Аграрниот сектор како примарен сектор
на македонската економија заслужува повеќе инвестиции кои ќе го поддржуваат секторот во сите етапи од производството на нива па се до пласманот на сурови и преработени производи на трпезата на македонските граѓани, но и пласман на македонското земјоделско производство на европските и светските пазари. Во финансирањето на планираните инвестиции треба да се вложат напори за поголемо искористување на средствата од донациите, а пред се од ИПА фондовите на ЕУ кои недоволно се користат, исто како што нецелосно се искористуваат и земените заеми и кредити од надворешните извори на финансирање за кои државата плаќа камати како за искористениот така и за неискористениот дел од одобрените средства.
Anita Stamnova Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6690 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 REGION OF BEROVO AS A TOURIST DESTINATION https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6692
The region of Berovo is known by its rich culture, history and natural beauty, and it is located on the eastern part of North Macedonia. It represents an important tourist destination. In this research paper, the potential of Berovo and its surrounding area as an attractive point for tourists seeking unique and authentic experience, has been examined. The analysis has been focused on the different aspects that contribute to the tourist attraction for the region such as Berovo Lake and Maleshevo Mountains,
cultural and historical monuments, as well as traditional manifestations. Moreover, the initiatives for sustainable development that encourage eco-tourism and environmental development has been considered too. The goal of this research is to identify the possibilities for improvement of the tourist offer and promotion of the region of Berovo as a please for unique, cultural and natural identity.
Dushica Popova; Natasha Miteva; Martin Dzambaski Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6692 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 FACTORS INFLUENCING INTENTIONS IN HOTEL SELECTION: MILLENNIALS’ PERCEPTION https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6691
Each choice of hotel selection is never made at random; rather, they are the result of a calculated relationship between several factors that influence a guest’s tastes. The complex and fascinating maze of guest behaviour in hotel selection choosing goes from the tempting appeal of positive online reviews to the subtle influence of pricing methods. Every step a guest takes as they make their way through the vast number of alternatives offers a new level of significance which influences the final decision. So,
what truly influences the selection of the ideal hotel accommodation?
Cvetanka Ristova Maglovska, Tanja Angelkova Petkova, Martin Dzambaski Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6691 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ENRICHING THE SULTAN TRAIL WITH NORTH MACEDONIA'S OTTOMAN SITES https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6693
Cultural tourism routes are typically designed for specific groups of travelers, offering opportunities to explore remnants of the past, both tangible and intangible. North Macedonia boasts a diverse array  if cultural relics dating back to the Ottoman period, including bazaars, bridges, hammams, bedestens, karavansarays, clock towers, mosques, and various other types of buildings. This research employs an experiential approach to investigate the feasibility of integrating selected Ottoman heritage sites in  North Macedonia (specifically Ohrid, Resen, and Bitola) into the existing Sultans Trail cultural route, which stretches from Vienna to Istanbul. Interviews with local tour guides, who are highly experienced in packaged tours tailored to Ottoman heritage, support the potential for extending the main cultural route. A concise summary of the proposed itinerary, informed by experiential judgment, leads to qualitative findings. Utilizing the Saint Gallen Destination Management model, the study maps out
strategic visitor flows, facilitating the integration of North Macedonia into the broader Sultan Trail route spanning 2,500 km. Finally, the research underscores the significance of this extension for further tourism development of the country.
Biljana Petrevska, Aleksandra Terzic Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6693 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ТУРИСТИЧКИ ПАРАЛЕЛИ: КРУШЕВО-БЕРОВО https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6694
Трудот е оригинален во кој се истражуваат туристички паралели или споредби меѓу два слични но и различни македонски градови. Изнесени се најважните туристички паралели на два мали града Крушево и Берово, кои децении практикуваат туризам. Иако градови се наоѓаат на спротивни страни од државата, сепак имаат сличности кои ги поврзува, но и уникатни специфики. Во анализите изнесени се повеќе карактеристики својствени за нивниот туризам. Прво се анализираат главните туристички мотивски фактори. Посебно се задржуваме на атрактивните мотиви: природно - географски (релјеф - планини, клима, хидрографија, вегетација и др.) и антропогено - географски (историја, етнографија, традиција, архитектура, културно наследство, цркви, манастири, музеи, манифестации и др.), со кои располагаат градовите и истоимените општини. Потоа се анализираат рецептивните мотивски вредности (сместувачки капацитети - хотели, вили, апартмани, одморалишта, спа ресорт, угостителски објекти - ресторани, кафеани, пицерии и други објекти), па комуникативните мотивски  вредности (сообраќајна комуникација - патна мрежа и другите комуникативни мотиви, ски центар и атракции - палаглајдерство). Втор сегмент во анализата се туристичките движења од подолг временски период (туристи, ноќевања и нивното учество на регионално и национално ново). На крајот завршуваме со заклучни согледувања и препораки. Во трудот се користи обемна литература и други извори.
Nikola V. Dimitrov Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6694 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 НОВИ ТРЕНДОВИ И ПРИМЕНА НА ИНОВАЦИИ ПОРАДИ УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ВО РЕСТОРАНСКАТА УСЛУГА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6695
Проблеми кои ќе се истражуваат во овој труд се новите трендови и нивната примена на иновации се со цел да се унапреди квалитетот на ресторанската услуга.
Еден од трендовите е зголемувањето на автоматизацијата на работниот процес, што во пракса се состои од безжични уреди за полесно примање на налози, водење евиденција за нарачки, наплата и слично. Придобивките од зголемувањето на автоматизацијата се помалку грешки при примање и издавање налози, увид во фреквенцијата на нарачување одредени оброци, увид во можноста или неможноста за издавање на одредени оброци или пијалаци, побрза наплата,
можност за резервација за следниот пат, автоматско наплата попусти и многу повеќе. Присуството на информатичка технологија не мора да биде исклучиво видливо за гостите. Овие технологии најдоа примена и во просторите што ги користи исклучиво персоналот (кујна, магацини и сл.) и од голема важност е можноста за поврзување на неколку различни уреди преку компјутери. Овој вид технолошка иновација овозможува надзор над текот на работењето и контрола на исправноста на уредот, што овозможува навремено реагирање и отстранување на сите неправилности. Употребувањето на новите трендови со помош на информатичка технологија може да се искористат за истражување на пазарот, така што класичното теренско истражување се заменува со други методи.  Kоментарите на потрошувачите, кои се достапни на веб-страницата, даваат можност да ја следат конкуренцијата, да ги следат нивните иновации, промоции и други релевантни активности што можат да влијаат на унапредување на квалитетот на ресторанската услуга.
Julijana Sazdova, Goran Antonievski Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6695 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 THE REAL SITUATION OF PRESENCE AND REASONS FOR NONIMPLEMENTATION OF STANDARDS IN RESTAURANTS IN NOVI SAD https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6700
This paper will deal with the analysis of the real presence and quality of implementation of legally mandatory standards such as HACCP, and others like GMP standards, in restaurants in the territory of the city of Novi Sad, including the presence and quality of standardized operating procedures, standardized recipes of gastronomic products and nutritional value when declaring products to guests. The aim of the paper is to prove the hypothesis that most restaurants still do not have adequate implementation of standards, although some such as HACCP have been mandatory since 2011, as well as to uncover the real reasons for this. The key data were collected from the primary data source, ie. from the field, from a sample of 250 restaurants operating in the wider territory of Novi Sad. All the previous ones aim to get a realistic picture of the state of the profession and the quality of the standardization of services, as well as to identify key problems, opportunities and potential solutions. In addition to the above, a large amount of literature related to this issue was analysed so that the results themselves could be compared and a temporal and spatial parallel within the profession could be drawn.
Goran Gašparovski Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6700 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ КАКО УСПЕШНА АЛАТКА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6701
Платформите за социјални медиуми како Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб се меѓу најкористените алатки за маркетинг во туристичкиот сектор, во светски рамки.
Маркетингот на социјалните медиуми за туристичкиот сектор може да овозможи голем број на бенефиции како што се: зголемување на свесноста за брендот, креирање привлечна содржина која ќе ја зголеми поврзаноста со публиката, увид во однесувањето на потенцијалните и тековни потрошувачи, градење цврсти врски со потрошувачите и др. Улогата на социјалните медиуми во промоција на туристичките одбележја е повеќе од важна, ако се забележи фактот дека во 2023 година во Македонија повеќе од 88% од домаќинствата имале пристап до Интернет. Од вкупното население кое што е на возраст од 15 до 74 години над 85% од нив користат Интернет и тоа 68% тоа го прават повеќе пати во денот. Искористеноста на социјалните медиуми во промоција на туристички обележја, на  Mакедонија во странските земји, укажува на подобрувања во последните години меѓутоа постои можност за уште поголема искористеност на можностите што социјалните медиуми како алатка нудат. Маркетингот на социјалните медиуми во рамки на секторот туризам, за да биде најдобро искористен и да ги даде посакуваните резултати треба да ги следи најдобрите практики: креирање на добра маркетинг стратегија, селектирање на најдобрите социјални платформи,
креирање на привлечна и интерактивна содржина, следење на резултатите и превземање корективни акции.
Monika Arsova Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6701 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ЗНАЧЕЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ПЛАНИРАЊЕ ВО ФИНАНСИСКОТО ОДЛУЧУВАЊЕ ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ОД ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6702
Планирањето е вовед во селектирање на намерите и целите, а воедно прва активност за успешно спроведување на наведеното. Резултат од процесот на планирање се плановите. Многуте елементи кои влегуваат во плановите, пред да бидат земени на разгледување, треба да бидат детално селектирани. Плановите се прават за различни интервали. Во нив силно се имплицирани не само новите идеи туку и осетливоста, опременоста на работното место и така натака. Треба да се апострофира дека планот е средство за акција и начин за остварување на целта. Доколку планирањето е ефикасно дотолку може да се очекува и негова успешна
реализација.
Zlatko Jakovlev Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6702 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 БРАНОТ НА ПРОМЕНИ ВО ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ХОТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6703
Тоталното управување со квалитетот (TQM) е нов пристап во менаџментот во насока на континуирано подобрување на квалитетот на сите активности на претпријатијата. Затоа и целта на трудот е да се направи анализа на постоечката состојба во хотелската индустрија, да се анализираат можностите за унапредување на деловните процеси во хотелиерството, но и да се предложат насоки за подобрување на истите. Оптимизирањето на деловните процеси нуди многу придобивки што можат да им помогнат на хотелските системи да „останат во живот“ во бранот на промени како: усогласеност на пазарот, намалени ризици, искористеност на ресурсите, обезбеден квалитет и сл.
Elizabeta Mitreva, Dzevad Kicara Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6703 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ОПШТИ КАРЕКТЕРИСТИКИ И КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ХОТЕЛИ (состојба 2023) https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6704
Во овој научен труд посебен акцент ќе ставиме на сместувачките капацитети во Република Македонија во 2023 година. Еден од главните елементи преку кој ќе ги категоризираме хотелите и нивните услуги ќе биде нивното декларирањето, но и квалитетот кој го нудат хотелите. Најширокото сфаќање за квалитетот како поим е создавање на одреден производ или услуга без грешка, односно со најмала веројатна грешка. Тоа значи дека со карактеристиките на производот треба да имаме обезбедено задоволителен критериум не само за нас туку и за потрошувачите, односно корисниците на услугата. Во овој случај тоа се хотелските гости.
Овој труд е замислен како дел од научно-истражувачката работа, целта е преку анализата на хотелските услуги, да се согледаат проблемите со кој се соочува македонскиот хотелски туризам. Македонските хотели во последната деценија се трудат и вложуваат многу за да бидат израмнети со светските трендови. Сите тие се трудат да бидат категоризирани и во своето работење да ги заслужат хотелските ѕвезди кои се синоним за квалитетот и успешноста на нивното работење.
Со оглед на тоа дека во Република Македонија постојат различни категории на хотели и сместувачки капацитети нивните карактеристики се сосема различни и разновидни. Но, заклучно гледано од секој аспект сите имаат удел во градењето на хотелисерството и туризмот како гранка. Карактеристиките на хотелите во Македонија се еден од најважниот предуслов за нивната посетеност. Хотелиерството дефинитивно постои за да му удоволува на човекот или во туризмот, хотелиерството е во функција на човекот – турист
Dushica Mateta Gigova, Nikola V. Dimitrov Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6704 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 СПЕЦИЈАЛИТЕТИ ОД ТУРСКАТА И БОШЊАЧКАТА ГАСТОНОМИЈА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, КРУШЕВО, ДОЛНЕНИ И КРИВОГАШТАНИ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6705
Турската гастрономија има долга историја и во голема мера претставува наследство од (отоманската кујна), која што може да биде опишана како соединување на централноазиските и балканските кујни. Турската гастрономија имала влијание на оваа кујна но и на соседните кујни, вклучувајќи ги и оние од западно европската. Турците создале специјалитети, кои денес се познати по различни делови на светот. Освен главните специјалитети кои можат да се најдат низ цела Турција, постојат и бројни регионални специјалитети. Гастрономијата на делот покрај црното море се одликува со употреба на пченка и сардели во готвењето. Во југоисточниот дел на земјата вклучувајќи ги градовите Газиантеп, Урфа и Адана, карактеристични се разните видови на ќебапи, разните мезиња, како и десерти( баклава, кадаиф и кунефе). Во западните делови на Турција, каде што се доста застапени маслиновите засади најчесто се користи маслиновото масло за термичка обработка на јадењата за зачинување на разни видови на салати и сл. Поради тоа што од овај регион се исто така богати со разни видови на риба и зеленчуци. Додека во средишниот дел на Турција, особено во Анадолија, најзастапени или најчесто користени се специјалитетите подготвени од најразлични видови на тестенини, како што се кешкеќот, мантиите и ѓомлезето. Имињата на специјалитетите од Турската, гастрономија знаат да вклучат или да добијат име на некој град или регион. На пример, разликата помеѓу ќебапот урфа и ќебапот адана е во употребата на лукот наместо кромидот и лутиот пипер кој што се става во еден од ќебапите.
Cane Koteski, Gorgi Petkoski Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6705 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ТУРИСТИЧКА ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ГРАД ВИТИ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6706
Културните вредности се создавале и се создаваат низ вековите низ светот, но и во земјата. Многу културни вредности се познати дестинации за милиони туристи ширум светот. Нашата земја има долга културна историја која има траги во сите правци, траги кои ги имаме и во градот Витија. Многу од нив се непознати за луѓето кои би требало да знаат за нив, и секако потенцијално да бидат посетени од туристи. Туристичките движења кај нас имаат културно да ги промовираат. Наместо туристичка историја и културни вредности, тоа е незадоволително иако има јавен потенцијал да се направи такво нешто и да се покаже туристички интерес. Дали разбирањето на туристичката промоција е најдобрата дефиниција за културните вредности? Промоцијата на културните вредности во туризмот значи ревитализација на предметите, организирање на културни активности, музичко-сценски продукции, разговори, поетски вечери како и разни изложби на уметност и занаетчиство. Сите културни објекти мора да бидат во целост и да не се одвоени од културните активности.
Cane Koteski, Perparim Qahili Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6706 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 ПРИМЕНА НА ТЕОРИЈАТА НА ИГРИ И НЕШОВАТА РАМНОТЕЖА ВО ХОТЕЛСКОТО УПРАВУВАЊЕ https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6707
Теорија на игри е применета математичка дисциплина и настанала како одговор на потребата за донесување одлуки и нејзините методи се покажале како успешни алатки за анализа на конфликтни ситуации и стратешки интеракции особено во економијата базирана на знаење. Употребата на теоријата на игри го олеснила процесот на носење одлуки во сите деловни сегменти. Таа е еден од можните начини за толкување на однесувањето на човекот и избор во конфликтни и делумно конфликтни ситуации. Развојот на современите технологии на ML, NN и АI за обработка на големи множества податоци, во денешно време   возможуваат стратегиите за победа во игрите да станат една од основните алатки за пресметливост со брзи перформанси како и со голема веројатност да гарантираат добар избор на решение во процесот на донесување одлуки. Во трудот е прикажан случај на примена на една од игрите во процесот на носење одлука и управувањето со ризик во хотелски ланец во Р.С.Македонија, каде е исбрана кооперативна стратегија.
Снежана Данилова, Татјана А. Пачемска, Христина Серафимовска, Ана Атанасова Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6707 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 CULTURAL AND CREATIVE INDUSTRIES: ECONOMIC BENEFITS AND PERSPECTIVES https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6708
This paper explores the importance of the cultural and creative sectors through the lens of the tourism industry. Namely, cultural tourism and cultural heritage have enormous potential and are a driving force above all for local but also national economic growth and development. Creative and cultural industries are the carriers of innovation, and innovation increases productivity, which is a basic prerequisite for good economic well-being. In this paper, the authors test the impact and application of digitization in the cultural sector, as well as an analysis of where they are moving and in which segments the countries of the Western Balkans are investing when it comes to the cultural sector, cultural and creative industries.
Zoran Ljutkov, Tatjana Boshkov, Zarko Radjenovic Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6708 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000 СПОМЕНИЧКАТА РЕНТА - МОЖНОСТ ЗА СИСТЕМСКИ ОДРЖЛИВ ФОНД ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, ПОСЕБНИ ОБЛИЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО И УЛОГАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА КАКО ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6709
Овој труд обработува тема за законски спој, односно создавање системска државна основа за промоција на заштитеното културното наследство во функција на развој на туризмот и издигнување во силна самостојна стопанска гранка во македонската држава. Покрај македонската основа во делот Посебни облици на користење на културното наследство од Законот за заштита на културното наседство и можностите што ги нуди Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во однос на логистичката поддршка која се однесува на локалната самоуправа за инфрастуктурна достапност до културното
наследство и обезбедување соодветни јавни објекти, тука е образложен и начинот на уредувањето на клучниот облик на користење на културното наследство во Хрватска, односно споменичката рента, како и податоци од придобивките од нејзината примена во практиката во оваа држава. Сето ова како систем влегува во делот на интегрираната заштита на културното наследство, која според официјалната законска дефиниција подразбира „вкупност од мерки за зачувување и активно вклучување на недвижното културно наследство во животот на заедницата како фактор на одржлив општествен развој, особено во областа на планирањето и уредувањето на просторот, инвестиционата изградба, заштитата на животната средина и природата и друго. Кажано со други зборови, заштитата на културното наследство нема цел да го запре современиот начин на живеење, да го конзервира „времето“, ами треба да биде во негова функција, т.е. да обезбеди долговечност на наследството и приспособување кон потребите на општеството. Во таа насока, факсимилната заштита е средиштето која овозможува
доловување на историската визура на споменичките целини без да се запре современиот развој на државата.
Александар Јорданоски Copyright (c) 2024 Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/6709 Thu, 30 May 2024 00:00:00 +0000