https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/issue/feed Yearbook - Faculty of Philology 2020-12-26T13:12:14+00:00 Nina Daskalovska nina.daskalovska@ugd.edu.mk Open Journal Systems https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4019 ТЕОРИЈАТА НА ШЕМА И ПРОЦЕСИТЕ НА ЧИТАЊЕ 2020-12-26T13:12:13+00:00 Nina Daskalovska evavelinova@yahoo.fr
Развивањето на вештината на читање е една од поважните цели при
изучување на странски јазици. Но, иако читањето, заедно со слушањето, спаѓаат во
рецептивните вештини, не може да се каже дека читањето е пасивнa активност бидејќи
читањето со разбирање вклучува многу когнитивни процеси како што се сфаќање на
главната идеја во текстот, идентификување на структурата на текстот, активирање на
претходното знаење и негово поврзување со новите информации, правење претпоставки за
содржината на текстот и слично. Процесите на читање најчесто се објаснуваат со моделите
на читање, како што се „bottom-up“, „top-down“ и интерактивните модели. Но, кога
зборуваме за моделите на читање, потребно е да ја споменеме и теоријата на шема која е
предмет на овој труд и со која, исто така, се објаснува процесот на читање.
2020-12-26T12:25:33+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4020 СТАВОВИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ ЗА УЧЕЊЕТО НА ДАЛЕЧИНА  ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА КРИЗА  2020-12-26T13:12:13+00:00 Biljana Ivanovska evavelinova@yahoo.fr Gzim Xhaferri evavelinova@yahoo.fr
Идејата за создавање на овој труд потекна од актуелната ситуација во Р
Северна Македонија, а која настана со здравствената криза предизвикана од коронавирусот,
која не ја поштеди ниту нашата држава. Целта беше да добиеме претстава за мислењето на
студентите со актуелното изведување на наставата во форма на учење на далечина во вонредна
состојба, што како метод на учење и изведување на наставата беше донесено со одлука на
Владата на Р Северна Македонија, а во склад со вонредната состојба предизвикана од вирусот
Ковид-19, кој несомнено промени многу нешта во секојдневието и во секој сегмент од
општествениот живот. Корона кризата не го одмина ниту образованието во сите сегменти: во
основното, средното, така и во високото образование. Како инструмент за анализа беше
користен прашалник со кој добивме слика за мислењето и искуството на студентите кои беа
директно вклучени во далечинското учење, за нивните очекувања, предности, но и недостатоци
од овој вид учење, како и предлози за подобрување на истото.
2020-12-26T12:28:37+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4021 ЖИВОТОТ И ПОЕЗИЈАТА НА КАТИЦА ЌУЛАВКОВА 2020-12-26T13:12:13+00:00 Marija Leontik evavelinova@yahoo.fr
Катица Ќулавкова е родена во Велес во 1951 година. Таа е една од
најдобрите лирски поети во Македонија. Таа е писател и теоретичар на литературата.
Ќулавкова пишува поезија и проза. Таа напишала четиринаесет поетски книги. Катица
Ќулавкова има важно место во современата македонска поезија.
Поетските книги што ги напишала, се инспирирани пред сѐ од нејзиниот живот,
луѓето и природата, но и од историјата и културата.
2020-12-26T12:33:30+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4022 СИНОНИМНИТЕ ЛИКОВИ ВО МАКЕДОНСКАТА ДРАМА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ 2020-12-26T13:12:13+00:00 Sofija Ivanova evavelinova@yahoo.fr Ranko Mladenoski evavelinova@yahoo.fr
Трудот претставува семиолошка анализа на синонимните ликови во драмите
„Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, „Печалбари“ од Антон Панов и „Парите се
отепувачка“ од Ристо Крле. Во овој труд доминираат анализите што се поврзани со семите,
односно атрибутите на ликовите. Конкретната анализа е извршена со помош на техниките за
интегрирање на ликовите и актантниот модел на Алжирдас Жилиен Грејмас. Со помош на
анализата за синонимијата на ликовите, на крајот од трудот ги согледуваме синонимните ликови
во најпознатите македонски драми во периодот меѓу двете светски војни.
2020-12-26T12:36:35+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4023 МОРАЛНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ДОСТОИНСТВО  ВО ДРАМАТА „КРИВОРАЗБРАНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“  ОД ДОБРИ ВОЈНИКОВ  2020-12-26T13:12:13+00:00 Boban Pereski evavelinova@yahoo.fr Lusi Karanikolova-Cocorovska evavelinova@yahoo.fr
Комедијата „Криворазбрана цивилизација“ од основоположникот на
бугарската драма, Добри Војников, има за цел морално и поучно да повлијае врз бугарската
младина која сѐ повеќе се оттргнува од својата национална култура, прифаќајќи ја новата,
дотогаш непозната за нив западноевропска култура. Ликовите во делото се поделени во два
табора: ликови што цврсто и достоинствено стојат на националното и заблудени ликови кои го
презираат своето и прибегнуваат кон туѓото. На крајот, ликовите приврзаници на моралното и
националното достоинство во драмата „победуваат“, а тоа ќе биде претставено подолу во
трудот преку анализа на нивните дејства и говор и тоа најпрвин на површинско ниво на текстот,
откривајќи ги атрибутите на ликовите, а потем на длабинско рамниште на текстот, преку
актантниот модел на Грејмас.
2020-12-26T12:39:44+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4024 МОЌТА НА ОЧИТЕ ВО ДРАКУЛА НА БРАМ СТОКЕР 2020-12-26T13:12:13+00:00 Natalija Pop Zarieva evavelinova@yahoo.fr Dragan Donev evavelinova@yahoo.fr Krste Iliev evavelinova@yahoo.fr Kristina Kostova evavelinova@yahoo.fr Marija Krsteva evavelinova@yahoo.fr
Вампирите од народните легенди и нивните претставници во литературата
немаат многу заеднички карактеристики, но еден аспект од митологијата којшто бил засилен во
англиската литература на дваесеттиот век е улогата на очите на вампирот. Вампирскиот поглед
кој ја намамува жртвата во легендите, прераснува во чест мотив во литературата каде очите на
вампирот го обземаат ликот, преземаат целосна контрола над него, и го намамуваат кон негово
сопствено уништување. Дракула на Брам Стокер се базира на оваа карактеристика во
претставувањето на очите на ликовите и воедно го вклучува и народното верување во „зло око“
со цел да ја претстави борбата на доброто против злото. Уникатниот начин да се наслика
сатанската сила во очите на вампирот кај Стокер е надополнета со сексуална конотација на
зажарените очи на вампирите, кои сјаат од жед за згаснување на сексуална желба која воедно
значи и згаснување на жед за крв, односно храна. Овој труд има за цел да ги претстави и
анализира различните претставувања на очите во Дракула, и да даде објаснување за нивната
импликација во вампирскиот мотив и темата на делото.
2020-12-26T12:44:38+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4025 САМОРЕФЛЕКСИВНОСТА НА СКРИЕНАТА КАМЕРА 2020-12-26T13:12:13+00:00 Vesna Kozinkova evavelinova@yahoo.fr
Саморефлексивноста е од особен интерес на романсиерите од
последните триесет години кои со право се нарекуваат мета-прозни бидејќи сите тие се
обидуваат, и главно успеваат во тоа, да ја истражуваат теоријата на прозата низ практиката
на пишување проза. Метатекстуалноста во македонскиот постмодернистички роман е
својство коешто е присутно, но исто така својство коешто може да биде третирано и
разгледувано од различни аспекти. Со оглед на тоа што Патриша Во констатира дека
метатекстуалноста се гради на матрицата на реалистичкото писмо, топосите, кои ќе ги
земеме предвид при анализата на романот „Скриена камера“ од Лидија Димковска (2004),
се конвенциите на реализмот: лик, раскажувач, фабула. Притоа нема да ги запоставиме
ниту дискусиите во романот околу жанровската припадност на делото. Заглучокот е дека
во него доминираат автореферентни единици во кои нараторот настапува од позиција на
критичар. Позицијата на критичар дозволува влез во фикционалната илузија и овозможува
увид во техниката на раскажување.
2020-12-26T12:46:59+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4026 ПОСТУЛАТИТЕ НА ПОЛИСИСТЕМСКАТА ТЕОРИЈА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВО ТРАДУКТОЛОГИЈАТА 2020-12-26T13:12:13+00:00 Svetlana Jakimovska evavelinova@yahoo.fr
Полисистемската теорија се вбројува во редот на највлијателни теории во
традуктологијата. Таа е главно насочена кон целниот текст и неговото место во севкупниот
литературно-општествен контекст. Целта на овој труд е да ги опише основните поставки на
оваа теорија, онака како што ги дефинира Зохар, но и нејзиното влијание врз други теории,
особено врз теоријата за преведувачки норми и закони на Тори. Конечно, трудот накусо се
осврнува и на преводи од и кон македонски јазик низ призмата на полисистемската теорија.
2020-12-26T12:49:18+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4027 ЈАЗИЧНИТЕ ЕДИНИЦИ КАКО МОДИФИКАТОРИ НА ГОВОРНИОТ ЧИН ОДБИВАЊЕ КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ ИЗУЧУВАЧИ НА ГЕРМАНСКИ КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК 2020-12-26T13:12:13+00:00 Biljana Ivanovska evavelinova@yahoo.fr Marija Kusevska evavelinova@yahoo.fr
Целта на овој труд е да се претстават јазичните средства кои имаат
функција на модификатори, а кои македонските изучувачи на германскиот како странски јазик
ги користат при усвојувањето на германскиот јазик. Се анализира говорниот чин одбивање и
јазичните елементи кои се користат како модификатори на истиот. Како инструмент се користи
„игра по улоги“ – метод кој дава податоци за говорниот јазик преку неконтролирани и спонтани
говорни ситуации од испитаниците. Се користат различни лингвистички средства кои можат да
се интерпретираат како модификатори (внатрешни или надворешни) и кои влијаат на
изразувањето на говорниот чин одбивање. Промената (прилагодувањето) на говорните чинови,
т.е. нивното ублажување и засилување, може да се изврши со одредени јазични единици, т.е. со
одредени синтаксички и/или со лексички средства, како на пример: употреба на прашања,
условни реченици, императивни конструкции, дискурсни маркери, употреба на минато или
сегашно време, партикулата би, модални глаголи, изразување несигурност со глаголи (мисли,
смета, наоѓа, ми се чини), прилошки модификатори, потоа пејоративни или деминутивни
изрази, извици и сл. Нашата цел е да покажеме до кој степен овие јазични елементи се
употребуваат и влијаат врз процесот на усвојување на германскиот како странски јазик при
користење на говорниот чин одбивање.
2020-12-26T12:53:29+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4028 КОРИСТЕЊЕ ЈАЗИЧНИ КОРПУСИ ЗА НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКИ И ПЕДАГОШКИ ЦЕЛИ: МАКЕДОНСКИ КОРПУС НА МЕЃУЈАЗИК (МАКОР)  2020-12-26T13:12:13+00:00 Marija Kusevska evavelinova@yahoo.fr Biljana Ivanovska evavelinova@yahoo.fr Cveta Martinovska-Bande evavelinova@yahoo.fr Robert Jakimov evavelinova@yahoo.fr
Целта на овој труд е да го претстави Македонскиот корпус на меѓујазик
(МАКОР). Овој корпус е формиран од страна на Филолошкиот факултет и Факултетот за
информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со цел развивање на методите за
истражување на странските јазици кои се изучуваат во Република Северна Македонија.
Корпусот се состои од три поткорпуси: меѓујазик на македонските изучувачи на англиски јазик,
меѓујазик на македонските изучувачи на германски јазик и говорен јазик на македонски родени
говорители. Трите корпуса се компатибилни и може да се користат за споредување на говорот
на изучувачите на странскиот јазик со македонскиот јазик. Во трудот се претставени и неколку
начини на кои МАКОР може да се користи за научно-истражувачки и за педагошки цели.
2020-12-26T12:58:27+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4029 ОСВРТ КОН СТУДИИТЕ ЗА ГОВОРНИОТ ЧИН ОДБИВАЊЕ 2020-12-26T13:12:14+00:00 Bisera Ushinova evavelinova@yahoo.fr Biljana Ivanovska evavelinova@yahoo.fr
Во овој труд е даден преглед на поважните студии кои досега се
правени во областа на говорниот чин одбивање.
Се обработуваат дефинициите кои се однесуваат на поимот говорен чин и се
задржуваме на поимот говорен чин одбивање, како една од формите на негова реализација.
Трудот во основа е теоретски и во него ќе бидат наведени и анализирани сите
поважни истражувања и студии од оваа област. Овој труд треба да биде почеток и вовед
кон едно поголемо истражување на кое во моментот се изработува магистерскиот труд под
наслов: „Говорен чин одбивање кај македонските изучувачи на германски јазик“.
2020-12-26T13:01:08+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/4030 ПИРОТ ИЛИ ПИРАТ, КОЛАЖ ИЛИ ПЕЈЗАЖ? 2020-12-26T13:12:14+00:00 Svetlana Jakimovska evavelinova@yahoo.fr
Трудот претставува осврт кон неодамнешниот превод на романот
Во Лотарингија од Емануел Рембер. Станува збор за специфичен роман, во кој преку
низа слики се илустрира животот на белгискиот проколнат поет Жан-Клод Пирот.
Трудот ја презентира структурата на романот и темите кои се застапени во него, а потоа
ги анализира особеностите на македонскиот превод.
2020-12-26T13:03:53+00:00 Copyright (c) 2020 Yearbook - Faculty of Philology