ИЗРАБОТКА НА ВЕШТ НАОД И МИСЛЕЊЕ ОД ОБЛАСТА НА ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ
Abstract
Апстракт: Во текот на досегашната практика во изработка на вештачења изработени од колеги
вешти лица, можат да се воочат разлики, понекогаш и дијаметрални, не само во методологијата
на изработка, туку и на форма на пристапот на проблемот. Ова може да предизвика забуна кај
корисниците на овие наоди. Со овој труд се обидуваме да дадеме придонес кон методологија за
изработка на професионален и објективен наод и мислење, посебно што за такво нешто досега
нема изработено трудови, барем не кај нас во република Македонија.
Во трудот се обработува проблематика на опожарување на објекти предизвикани од
ел.енергија. Трудот е составен од три дела. Во првиот е дадена методологијата на утврдување на
причините на опожарувањето. Во вториот дел се обработени причините за настанување на
истото. Во третиот дел се обработени неколку карактеристични примери. Во овој труд не се
обработувани економски загуби и штети од причина што вештото лице од областа на
електротехника не е овластено за економско-финансиски вештачења
Клучни зборови: пожар,куса врска, вешто лице, методологија, постапка, начин на изработка на
вешт наод и мислење