НАЧИНИ НА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ГОВОРНИОТ ЧИН БАРАЊЕ ВО ЈАЗИЧНИОТ ПАР ГЕРМАНСКИ - МАКЕДОНСКИ
Abstract
Овој труд има за цел да ги објасни начините на изразување на говорниот чин барање во јазичниот пар германски-македонски. Земајќи го во предвид фактот дека германскиот и македонскиот јазик потекнуваат од различни групи на јазици, се претпоставува дека и разликите во говорните чинови во комуникацијата на двата јазични системи очигледно ќе бидат забележителни. Во овој труд ќе се објаснат разните форми преку кои говорниот чин барање може да се изрази, и притоа ќе бидат согледани сличностите и разликите во користењето на јазичните средства за остварување на говорниот чин барање во именуваните јазични системи, како и можните варијации на иститe. Споредувајќи ги изразните средства кои се користат во македонскиот и германскиот јазик за реализирање на овој говорен чин, во овој труд ќе бидат презентирани различните функции кои говорниот чин барање може да ги изврши, правејќи споредба меѓу македонскиот и германскиот јазик.