ПРАГМАТСКО-КОГНИТИВНИОТ АСПЕКТ НА ЛЕКСИЧКОСЕМАНТИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА МОДАЛНОСТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Јазичните средства и целоста на вербалната комуникација се реализира преку прагматиката и когнитивниот аспект, оттаму зборовите развиваат различни лексичкосемантички карактеристики. Само во практиката можеме да ги издвоиме основните необележани употреби и развивањето на модалноста и фигуративниот израз. Човекот вербално и невербално го означува секој исказ и отвора простор за толкување на она што го соопштува на различни начини. Како мерливи јазични средства за искажување на фигуративноста и стилската обоеност се јавуваат модалните зборови, партикулите и преку лексичкосeмaнтичката анализа доаѓаме до секундарните значења што го градат избраниот дискурс. Преку примери од македонскиот јазик се дава една насока за концептуализацијата на лексичкото значење на избрани зборови.