ГОВОРНИОТ ЧИН БАРАЊЕ И МОДАЛНОСТА КАКО НЕГОВА КАРАКТЕРИСТИКА ВО МЕЃУЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИЗУЧУВАЧИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК
Abstract
Целта на овој труд е да се направи анализа и истражување на говорниот чин барање и да се опише модалноста како негова карактеристика кај студентите–изучувачи на германскиот јазик од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Истражувањата се базираат на анализите и резултатите добиени од проектот „Улогата на експлицитните инструкции за анализа на прагматичките компетенции кај студентите по англиски и германски јазик како странски јазик" („Die Rolle der expliziten Anweisung in der Entwicklung pragmatischer Kompetenz im Englischen und im Deutschen als Fremdsprache” / „The role of explicit instruction in developing pragmatic competence in learning English and German as a foreign language”/ , проект што се изведува на Филолошкиот факултет во Штип. Проектот е инспириран од важноста на прагматичките знаења и
компетенции, кои треба да ги владеат студентите по странски јазици и да им овозможи на студентите да комуницираат соодветно во јазикот цел и соодетно на тоа да дејствуваат и да општат на изучуваниот странски јазик. Постојат повеќе различни класификации на модалноста, но сите тие се однесуваат на оцената на говорителот и на содржината на исказот. Модалните глаголи и модалните зборови во поврзаност со наведениот говорен чин се разгледуваат како лексички показатели на модалноста. Го
разгледуваме говорниот чин барање преку изразување на три различни типа барање: а) барање на информации, б) барање за извршување на некоја активност и в) барање на дозвола. Се даваат репрезентативни примери добиени од анализите спроведени кај студентите кои студираат странски јазик (германски), добиени преку тестот за дискурсна анализа, интервју или игра по улоги.