УЛОГАТА НА СТУДЕНТИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА ЕВАЛВАЦИЈА НА НАСТАВНИОТ КАДАР
Abstract
Евалвацијата има значајна улога во образовниот процес односно има позитивен придонес како за академскиот развој на институција така и за нејзините членови.Целта на евалвацијата е да се види дали потребите на студентите се постигнати, да се подобри наставниот процес како и усовршување и унапредување на практиката на наставниците. Евалвацијата може да биде формативна која означува процес со кој се утврдува напредокот за време на процесот на учење. Значи формативната евалвација се случува додека тече процесот на учење и во тој случај во тој процес се можни модификации. Исто, може да биде и сумативна. Како што и произлегува од самиот поим таа е еден вид на сумирање на резултатите од учењето кое се случува во некој облик на образование или единица на учење. Овој труд има за цел да даде одговор на следните прашања: Што
значи поимот евалвација?, Кои се формите на евалвација?, Која е улогата на студентот во образовниот процес?, Какви се исходите од спроведувањето на студентската анкета за евалвација на наставниот кадар на ФИКТ?, Кои се мислењата на внатрешните евалватори (академски кадар) на ФИКТ?